Таг: матеј гаштаров

Матеј Гаштаров е избран меѓу најдобрите таленти од Европа во среден ред

Тоа што го игра нашиот млад талент за Црвена Ѕвезда, а сега и во дресот на Македонија, добива уште една потврда дека има голема вредност.

Матеј добро ја лепи на жонглирање

Големата надеж во македонската фудбалска репрезентација се вика Матеј Гаштаров, кој на 19 години имаше деби против Швајцарија, како веќе да е испечен играч со низа настапи. Столе вниманително го следеше како се забавува со топката на тренингот пред мечот со Словенија. Вечерва од 20:45 се бара Македонија во целосно поинакво светло од настапот против Швајцарија.

Гаштаров: Од дете сонував за овој дрес

Македонската фудбалска репрезентација се собра за новата сезона во Лига на нации, која ја стартува во сабота против Швајцарија на Градски со почеток од 20:45. Прв повик доби големата надеж Матеј Гаштаров, кој сезонава е стандарден првотимец на Црвена Звезда. 19 годишниот Гаштаров е ведар, расположен, насмеам и оптимистички расположен во прогнозите.