Лига на нации

Ништо ново - Македонија пак убедливо поразена и пак не даде гол

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во Лигата на нациите. Во четвртиот натпревар во новата сезона, подобри од црвено-жолтите по вторпат беа Швајцарците (3-0). Не играше Македонија толку лошо во Луцерн колку што прими евтини голови по три наивни грешки.

Селекторот Гоце Седлоски направи неколку измени во однос на претходниот натпревар, па сега од старт во првите 11 се најдоа Љупчо Дориев и Елмин Расторед во самиот напад.

Швајцарците играа речиси во прв состав, со искусните Аканџи, Родригеш, Елведи, Фројлер и младите ѕвезди Амдуни, Ндоје и Со.

Македонија добро го започна натпреварот и пред неколку стотини свои навивачи прикажа добар почеток за разлика од претходните натпревари во Лига на Нации.

Црвено-жолтите со повисок и посилен пресинг се обидуваа тежиштето на игра да го држат на противничка половина а имаа и неколку шанси но не ги искористија.

Во 11' минута Швајцарија првпат сериозно се закани но Столе Димитриевски одбрани. Една минута подоцна Дориев повлече по левата страна и центрираше а Со ја исфрли топката непосредно пред Растодер кој беше сам пред голот.

Пред крајот на првиот дел, кога најмалку требаше, следуваше катастрофална реакција на македонските репрезентативци кои влегоа од грешка во грешка, а тоа го искористи Фабиан Ридер за 1-0:

Во вториот дел пред 16.000 гледачи Швајцарците како да ставија во петта брзина, па наметнаа висок ритам и силно темпо.

Во 72' минута Столе Димитриевски направи еден несекојдневен за него кикс, по шутот на Јохан Манзамби од Астон Вила наместо да ја одбие топката, ја боксуваше во својот гол за 2-0:

Во самиот финиш домаќинот стигна и до 3-0 кога Македонија изгуби топка пред својот шеснаесетник а Швајцарците добро комбинираа и Дан Ендоје постигна гол за конечни 3-0:

Standings provided by Sofascore
6 октомври 2026 - 22:40