Ѓоковиќ е шампион во Пекинг - нова титула за Новак!

Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула во Пекинг откако Австралиецот Алекс де Минор му го предаде мечот на старт на вториот сет. Ѓоковиќ го доби првиот сет 7-6 во тајбрејк.

Со овој важен триумф, Новак Ѓоковиќ остана непоразен на турнирите во Пекинг каде претходно дури шест пати стигна до трофејот: во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015.

На турнирот во Пекинг Ѓоковиќ има неверојатни 34 победи од 34 настапи!

Српскиот тенисер сега стигна до бројката од 102. титули во кариерата а пред него се само Џими Конорс со 109 и Роџер Федерер со 103.

Новак Ѓоковиќ на патот до финалето ги елиминираше Нуно Боржес, Кинезот Бу, двократниот овогодишен Гренд Слем шампион Александар Зверев, па во полуфинале Медведев (предаде на крајот од вториот сет) и сега во големото финале беше подобар од Алекс Де Минор.

„Поминаа 11 години откако играв овде за последен пат. Имав многу големи очекувања од себе, секогаш се замислувам со трофејот. Овде никогаш не сум изгубил. Бев надвор од достигнувања на такви рекорди во последно време, имаше доста подеми и падови, здравствени и физички проблеми. Кога се чувствувам добро и удирам добро можам да ги победам и најдобрите. Овој трофеј ми значи многу повеќе од само еден трофеј, нешто друго е во прашање“.

Австралиецот Де Минор не беше задоволен после натпреварот.

„Не се чувствувам добро, но многу ми е мило што те гледам. Секоја чест. Им благодарам на неверојатните навивачи и на посебната атмосфера во Пекинг. Не сакав вака да се заврши, жал ми е. Би им се извинил и на мојот тим, но и да им се заблагодарам на навивачите и на сите кои ми праќаа пораки со поддршка. Им се заблагодарувам на сите кои го направија можен овој турнир“, рече Де Минор после предавањето.

6 октомври 2026 - 14:54