Зидан се чудеше на магијата на Олисе, Франција со пресврт ја разби Белгија

Белгија во 35' минута од натпреварот од 4. коло во Лига на нации поведе 0-1 против Франција. Стрелец на голот во 35' минута беше Доди Лукебакио. Со тој резултат се отиде на полувреме. А во вториот дел Франција го засили темпото и постигна дури четири гола за конечни 4-1. Прво Дуе израмни, а после на сцена настапи неверојатниот фудбалер на Баерн Минхен Микаел Олисе кој прво му асистираше на Рајан Шерки за 2-1 во 81' минута а потоа самиот во рок од две минути даде два убави гола за конечни 4-1.

Во групата А од Лига нации Франција има 10 бода (3 победи, 1 нерешена), Италија е втора со 7 бода (2-1-1), Белгија е трета со 6 бода (2-0-2), а Турција има 0 бодови (4 порази, гол разлика -9).

Италија синоќа со 3-1 ја победи Турција:

Зизу со прием како некогаш го воодушеви „Стад де Франс“

6 октомври 2026 - 08:58