Offside

Македонија и Словенија вечерва по деветти пат ќе ги одмерат силите. Традицијата е на наша страна.

Капитенот на Италија У-21 даде гол од 70 метри

Паралелно со Лигата на нации, репрезентативен фудбал има и кај младите. Италија ја растури Полска со 6:2, а Шер Ндур од Фиорентина даде два гола. Едниот спектакуларен од своја половина.

Медведев е дисквалификуван поради глупост, во финале оди Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е финалист на АТП турнирот во Пекинг. Ќе се бори за првата титула во 2026-та.

Боливиска тики така

Ама оваа не е со где је лопта, туку со где је играч?

Адидас го спреми дресот во кој Меси за последен пат ќе игра за Аргентина

Осумкратниот добитник на наградата Златна топка за најдобар фудбалер на светот и светски шампион со Аргентина од 2022-ра, Лионел Меси за последен пат во вторник вечер ќе го носи својот најомилен дрес, небесно-сино-белиот на „гаучосите“. Ривал на пријателска ќе им биде африканската селекција Бенин во Буенос Аирес на легендарниот стадион „Монументал“. А спознорот на репрезентацијата, адидас веќе спремил и посебен дрес за Лионел Меси.

Како Алегри го измамил Роналдо за да може Пјаниќ да изведе слободен удар?

Со егото на Роналдо тешко е да се справи човек, затоа и не може да истрпи да биде резерва и на тоа на 41 година. Во Јуве имаше дадено само еден гол од слободен удар и тоа од скоро 100 обиди. Еднаш тренерот нашол чаре како да го тргне од топката.

Не е нормално што прави дечково - дајте му ја Златната топка

Европскиот, светски и олимписки шампион Шпанија продолжува со својата неверојатна доминација во светскиот фудбал. Во саботата вечер ја совладаа Чешка 3:1 и имаат 3/3 во Лига на нации. Головите ги дадоа Ламин Јамал, Родри и Микел Мерино а за Чесите стрелец беше Јири Слама. Што прави Јамал од натпревар во натпревар тоа не е нормално.

Жорже Жезус: „Кристијано сам треба да одлучи што сака да прави со животот, може да се врати“

На прес конференцијата после натпреварот Португалија - Норвешка на која паднаа два страшни гола, португалскиот селектор Жорже Жезус нормално пак добил прашања за најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Кристијано Роналдо и неговиот статус во репрезентацијата.

Селекторот на Ирска не стопира: „Не треба да играме со Израел, УЕФА треба да стори нешто“

Исланѓанецот Хеимир Халгримсон по ремито 1-1 против Израел во 4. коло од Лига на нации во натпревар одигран на неутрален терен во Бачка Топола во Србија, повторно ја разбрани јавноста. Тој беше најгласен заедно со некои ирски репрезентативци дека натпреварите против Израел треба да се бојкотираат поради злосторства кои ги прават Израелците во Палестина.

Селекторот на Португалија му намести гол на Гонсало Рамош

При резултат 1-1 на дуелот Португалија - Норвешка во 4. коло од Лига на Нации, селекторот на Португалците Хорхе Жезус му мавта со раце на шпицот Рамош да бега напред на негова позиција. После пар секунди даде гол за победа 2-1.

Почна Јокиќ со магиите а?

Денвер и Јута одиграа претсезонски натпревар кој заврши 97:109. Едно клипче сакаме да ви покажеме. Не е арен.

Офсајд на Либија за кладилница

Тунис и Либија за играчи до 20 години, играат квалификациски меч за Африканскиот Куп на нации 2027. Резултатот е 1:1, се игра 97-та минута, Либија оди во контра, а судиите свират офсајд кој не постои. Кој им дал ФИФА значка на овие?

Јако шоу на Ѓоковиќ и Ѕверев на мрежа

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг, откако го совлада Александер Зверев со пресврт 2-1 (4-6, 6-4, 6-4), во битка која траеше 2 часа и 35 минути. Го имаме ли поенот на годината, прашаа коментаторите?

Дерек Чеге победник на Скопскиот маратон, Ивановски трет

Кениецот Дерек Чеге е победник на 22. издание на Скопскиот Виз Ер маратон. Африканецот ја истрча патеката долга 42,195 километри за 2 часа, 12 минути и 56 секунди што е едно од подобрите времиња во последните неколку години.

Португалија пак победи без Роналдо - ревија од прекрасни голови во Порто

Португалија игра сјајно и без најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал и најголема легенда Кристијано Роналдо кој пред неколку дена бурно го напушти кампот на репрезентацијата, пак ја победи Норвешка со 2-1, овојпат на домашен терен. Пред една недела Португалците славеа во Осло а сега во Порто. Сите три гола на дуелот беа невозможни!

Капитенот на Ирска одби да се ракува со капитенот на Израел - поради Газа

Двомечот Израел - Република Ирска во Лига на Нации мина во знакот на протести и бојкот од страна на ирските фудбалери и селектор. Ирците на првиот натпревар кој го добија 0-3 на неутрален терен во Дебрецин (Унгарија), не сакаа да се ракуваат со израелските играчи, носеа црни флорови околу рака за сите невино загинати во Палестина а на израелската химна спуштија глава. Вечерва на дуелот во Бачка Топола во Србија исто.

Фудбалски распад систем на Македонија

Гоце Седлоски и македонската фудбалска репрезентација го загубија компасот во Лига на нации. Се редат порази како на лента. Не само што не можат да дадат гол, туку и не знаат како. Шут во рамки на гол немаа.

Пукна срам во Ријека, Англија ја понижи Хрватска со 0:7

Хрватската фудбалска репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако на домашен терен беше посрамотена од Англија со дури 7 гола. Кејн и Сака дадоа по 2, Белингем, Гордон и Роџерс по еден. Дебакл за Славен Билиќ.

Смешна, срамна и апсурдна глума на Јилмаз

По поразот дома од Италија 1:4, Турција загуби 3:0 од Белгија во Лига на нации. Погледне го билмезов што работи.

Џеко доби врвно испраќање со шпалир, дронови и пиротехничко шоу во 11 минута

„Би сакал да е 1-ви април, па да можам да кажам: ви благодарам што дојдовте, но само се шегував. За жал, немам јас години за такви шеги. 

Олисе е мајстор за евроголови, Донарума не мрдна

Франција и Италија ремизираа 1:1 во дербито на вечерта во Лига на нации. Мајкл Олисе е претплатен на мајсторски голови. По солото против Белгија, го матираше Донарума од слободен удар во 55 минута. 13 минути подоцна израмни Бастони.

Барем вака да почне мечот со Шкотска

10 меча без победа, 6 меча без постигнат гол. Одиме на седма мајка против Шкотска. Дали од пенал, од одбиена или со автогол, само некако нека влезе, ма макар и како на видеово, чисто малер да разбиеме. Заборавивме кој, кога и како го постигна последниот гол за Македонија. 

ЦСКА Софија го покажа новиот модерен стадион

Изградбата на новиот стадион на бугарскиот трофеен гигант ЦСКА Софија „Бугарска армија“ чини меѓу 80 и 90 милиони евра. Проектот го финансира клупската управа односно сопствениците со приватен капитал. Новиот стадион ќе има околу 18.500 седечки места за домашните дуели а за еврокуповите капацитетот ќе биде намалуван на 16.819 седечки места.

Шкотските навивачи имаат посебна култура на гостувања како никој друг

Таксисти, не им наплаќајте на Шкотланѓаните 1.000 за 3 км. Угостители, не ги дерете 10 евра за пиво. Во Скопје доаѓа најдобрата навивачка група и тоа по трет пат.