Селекторот на Ирска не стопира: „Не треба да играме со Израел, УЕФА треба да стори нешто“

Исланѓанецот Хеимир Халгримсон по ремито 1-1 против Израел во 4. коло од Лига на нации во натпревар одигран на неутрален терен во Бачка Топола во Србија, повторно ја разбрани јавноста. Тој беше најгласен заедно со некои ирски репрезентативци дека натпреварите против Израел треба да се бојкотираат поради злосторства кои ги прават Израелците во Палестина.

На крај одиграа два натпревари во рок од 1 недела. Ирците на првиот славеа 0-3 во Дебрецин во Унгарија а синоќа одиграа 1-1.

Целиот двомеч помина во многу тензија и напнатост меѓу самите играчи на теренот. Постојано имало закачки и на првиот и на вториот натпревар. Синоќа на полувреме наводно ирскиот кондиционен тренер Дамјен Дојл бил плукнат од страна на израелски репрезентативец.

Ирските медиуми пренесуваат дека инцидентот се случил кога селекциите оделе кон тунелот. Ирскиот селектор потврди дека имало нешто но признал дека не ја видел случката и не сака да коментира.

Од друга страна вели:

„Имаше обвинување дека имало плукање врз некого но не видов. Не, не сакаме да зборуваме за ова. Ќе биде прегледано, можеби и се друго што се случи меѓу двете репрезентации. Почуствував како да сакаат да не навредуваат уште од стартот но им оддавам признание на моите играчи што останаа смирени“.

На прашањето, дали двете репрезентации во иднина треба пак да играат, Халгримсон вели:

„Не, не треба. Не е наше да одлучиме тоа е на УЕФА да одлучи. Очигледно има голема поддршка за Палестина во Ирска. Нема многу земји кои ја поддржуваат Палестина како што Ирска ја поддржува. Не би посакал на ниту една репрезентација да помине низ што ние поминавме овие две недели, така што УЕФА треба да дојде и да стори нешто“.

Израелската Влада ја обвини ирската фудбалска репрезентација за „морално слепило“ откако ги спуштија главите надолу за време на израелската химна. Ирците два пати во една недела ја бојкотираа израелската химна и спуштаа глави.

„Додека некој го користат фудбалскиот терен за нивен политички театар, за нас ова е лично. 1939-та: Ирски фудбалери салутираа на нацистичка Германија. 2026-та: Ирски фудбалери ги спуштаа нивните глави за време на химната на Израел. Различни генерации, исто морално слепило“, напишале на официјалниот налог на израелската влада на мрежата Х.

5 октомври 2026 - 09:40