Џеко доби врвно испраќање со шпалир, дронови и пиротехничко шоу во 11 минута

„Би сакал да е 1-ви април, па да можам да кажам: ви благодарам што дојдовте, но само се шегував. За жал, немам јас години за такви шеги. 

Един Џеко го одигра последниот меч за БиХ и со многу емоции се прости од националниот дрес. На стадионот Билино Поље во Зеница, Босанците одиграа 1:1 против Шведска. Стрелци Ѓоќереш и Алајбеговиќ во вториот дел.

На балконите од зградите станарите приредија спектакуларно пиротехничко шоу во чест на најголемата легенда на босанскиот фудбал и тоа точно во 11 минута поради бројот на неговиот дрес.

Џеко беше изваден во 63 минута и очекувано испратен со шпалир.

„Срцето ми е полно. Заминувам среќен и благодарен за љубовта што ми ја покажавте. Ви благодарам во име на моето семејство и во мое лично име. Ве сакам. Си заминувам како среќен човек. Сега, ви се придружувам вам, на навивачката страна.

Би сакал да е 1-ви април, па да можам да кажам: Ви благодарам што дојдовте, но само се шегував. За жал, немам јас години за такви шеги. Ова е вистинското време, совршениот момент. Го оставам тимот во добра состојба, а тоа е најважно. Доаѓаат млади момци кои само ќе напредуваат, има играчи способни да постигнуваат голови и да ја предводат репрезентацијата“, рече Џеко.

40 годишниот напаѓач доби подароци и бројни признанија за придонес во босанскиот фудбал, а над стадионот во Зеница со дронови беа испишани пораки со благодарност и беше нацртан неговиот лик. Навивачите на терен фрлаа плишани играчки наменети за деца како дел од хуманитарна акција.

Един Џеко ја завршува својата репрезентативна кариера како еден од само тројцата играчи кои постигнале гол за репрезентација во 20 последователни години.

Тој се збогува со националниот тим како рекордер и по бројот на настапи (152) и по бројот на постигнати голови (73). Испраќањето ќе остане незаборавно.

3 октомври 2026 - 08:45