Жорже Жезус: „Кристијано сам треба да одлучи што сака да прави со животот, може да се врати“

На прес конференцијата после натпреварот Португалија - Норвешка на која паднаа два страшни гола, португалскиот селектор Жорже Жезус нормално пак добил прашања за најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Кристијано Роналдо и неговиот статус во репрезентацијата.

Кристијано Роналдо е во потрага по јубилејниот и рекорден 1.000 гол во кариерата (заедно и во клупски и во репрезентативен фудбал).

Португалија синоќа ја совлада Норвешка 2-1 без Роналдо и веќе влезе во четвртфинале на Лига на нации.

„За мене сè уште се е отворено. Кристијано треба сам да реши што сака да прави со сопствениот живот. Се што се случи е огромно недоразбирање и ми се чини дека оваа ситуација лесно се решава. Ако тој сака да настапи за репрезентацијата, може да се врати кога ќе посака. Зошто да не? Немам никакви лоши чувства кон Кристијано. Тоа се лесно се решава. Јас не жалам. Решава само тој. Кога ќе биде одлучено? Јас тоа не знам, да видиме. Ние само што го завршивме овој натпревар“, рекол Жезус.

Пред натпреварот имало една информација од португалскиот новинар Мигел Переира кој зборувал за talkSport. Рекол дека репрезентацијата и Роналдо го омекнуваат контактот по бурното заминување.

„Работата е во тоа што му треба да даде 21 гол за да стигне до бројката од 1.000 гола. Тој многу сакаше да го даде последниот гол за Португалија. Сметал дека е лесно да дадеш 15-20 гола во една сезона во составот на Ал Наср, но на крајот сакаше да организира забава и да прослави со репрезентацијата (1000. јубилеен гол). И се уште мислам дека тоа ќе се случи без разлика што видовме.

Веднаш после конфликтот беше тешко да се оцени ситуацијата, но сега мислам дека врската меѓу кампот на Кристијано и кампот на Жорже Жезус омекнува. Протугалската федерациа е многу заинтересирана за Кристијано поради тоа што тој го привлекува. Мислам дека Кристијано ќе се врати за последниот танц следната година“.

ВРАЌАЊЕ ЧЕКААТ И БРУНО ФЕРНАНДЕШ И ВИЉАШ БОАШ

Голем дел од јавноста во Португалија била на страна на селекторот Жезус во конфликтот. Тамошниот СиЕнЕн организирал анкета и 42% од испитаниците биле за Жорже а само 14% за Кристијано. Но враќањето на Крис го чекаат многу.

Пример Бруно Фернандеш, капитенот на Манчестер Јунајтед разговарал со Роналдо после конфликтот.

„Знам што значи тој за нас Португалците. Се надевам дека нема да донесе нагло одлука и нема да ја напушти репрезентацијата засекогаш. Ако сака тоа да го стори, тоа треба да биде празнично а не како што се случи сега. Тој тоа го заслужува - тој е најголем симбол на нашиот фудбал и нашата земја, човек кој ја крена Португалија на такво ниво на кое никогаш претходно не била, со секоја почит за Еузебио и Луис Фиго. Ако некогаш Кристијано треба да ја напушти репрезентацијата, треба тоа да биде празничен ден а не ден кога земјата е разделена. Репрезентацијата треба да биде место за сите и им припаѓа на сите и во неа не смее да има слични разделби“, рекол Бруно Фернандеш.

Но новинарот Переира рекол нешто и на сметка на целата репрезентација, односно дека можно е Бруно Фернандеш да нема поддршка за ставот за Роналдо меѓу дел од репрезентативците.

„Кристијано веќе одамна игра во репрезентација не со оние луѓе со кои се среќаваше во текот на целата кариера. Единствен исклучок беше Пепе кој се прости од репрезентација пред две година. Останатите млади кои го сметаа за свој идол но никогаш немаа можност да играат со него во репрезентација во цутот на неговата кариера. Кога тие тука дојдоа Кристијано веќе е во пад. Ситуацијата е напната зошто играчи како Бруно Фернандеш и Бернардо Силва сметаат дека Португалија мора да покажува најдобри резултати на меѓународните турнири. И тие сметаат дека Кристијано Роналдо им прави „мечкина услуга“.“

Тие се среќни за неговото присуство. Среќни се што помага од клупата за резерви, и тоа би било разумно решение за сите страни. Но барањето тој секогаш тој да биде јунак на мечот создало раскол во репрезентацијата меѓу поискусните играчи и помладите.

Искусните сметаат дека нивното време проаѓа и пропуштаат да и донесат на Португалија нешто значајно. А младите во него гледаат само икона“.

Останатите играчи на Португалија одбиле да зборуваат за ситуацијата со Роналдо. Вириња кажал дека екипата се труди да биде „надвор од таа историја“.

Претседателот на Порто, пак, и некогашен тренер на Челси, Зенит и Тотенхем, Андре Виљаш-Боаш вели:

„Мислам дека ниту еден граѓанин на Португалија нема да остане рамнодушен после тоа што се случи. Пред сè сметм дека какви било одлуки на селекторот се конечни, без оглед на тоа колку се основани. На играчот му е секогаш тешко да ги прифати тие одлуки.

Некогаш е полесно да се прифатат, некогаш потешко, но последниот збор секогаш останува зад селекторот. Сите негови решенија мора да бидат конечни. Така треба да биде и во клубовите и така треба да биде во репрезенација. Секако играч од таа класа како Кристијано Роналдо не може да ја заврши историјата во репрзентацијата така после се што направи за земјата и репрезентацијата. Се надевам дека раководството на Португалската фудбалска федерација каде важна улога игра претседателот Педро Проенса ќе најде излез од тешката ситуација“, рекол Виљаш-Боаш.

Португалија пак победи без Роналдо - ревија од прекрасни голови во Порто

5 октомври 2026 - 09:58