ЦСКА Софија го покажа новиот модерен стадион

Изградбата на новиот стадион на бугарскиот трофеен гигант ЦСКА Софија „Бугарска армија“ чини меѓу 80 и 90 милиони евра. Проектот го финансира клупската управа односно сопствениците со приватен капитал. Новиот стадион ќе има околу 18.500 седечки места за домашните дуели а за еврокуповите капацитетот ќе биде намалуван на 16.819 седечки места.

Овој стадион ќе добие највисок стандард од УЕФА Категорија 4 и ќе може да организира натпревари во Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига. Ќе има 20 луксузни ВИП ложи и 272 ВИП места во Сектор А.

За 5-ти октомври ЦСКА Софија организира прв настан и свечено отворање на новиот стадион. Тогаш треба да биде претставен и новиот тренер на екипата Маркус Гиздоп. Првите натпревари на новиот стадион ЦСКА треба да ги игра во втората половина на октомври, по репрезентативната пауза.

 

2 октомври 2026 - 14:58