Бразилскиот фудбалер Фред (33) кој сега игра во татковината за Алтетико Минеиро, а беше дел од Интернасионал, Шахтјор Доњецк, Манчестер Јунајтед и Фенербахче, во кариерата настапуваше заедно со Џон Дуран. Се најдоа во Фенербахче кратко.
Во подкастот „Чарла“ во Бразил, Фред раскажал неколку анегдоти за Дуран, центарфорот кој играше и во Лига на шампиони со Астон Вила и во најубави фудбалски години реши да замине за Саудиска Арабија.
„Знаев да му кажам: ајде Дуран, ајде да истрчаме малку, а тој ќе ми одговореше: брате, јас веќе сум богат и нема потреба да трчам“.
По зборовите на Фред, Дуран понекогаш знаел да забушава и да оди во лекарскиот уред со цел да не тренира.
„Кога отиде во Зенит, му реков: Еј сега ќе правиш повеќе и повеќе пари а тој ми рече: 'Брате, што повеќе пари тоа подобро'. И понекогаш викаше дека веќе ја обезбедил неговата иднина и иднината на фамилијата за три генерации“.
Дисциплината никогаш не беше силна страна на Џон Дуран додека беше во Астон Вила па и во Фенербахче. Еднаш Жозе Мурињо збеснал кога Колумбиецот задоцнил на тренинг.
„Мурињо му кажа дека тоа е непочит за екипата. Правилата во клубот беа јасни, и некој ако ги прекршеше ќе мораше да се соочи со последици“.
Дуран блесна на голема сцена откако дојде во Астон Вила од Чикаго Фајр во САД. Тогаш Вила за него плати околу 30 милиони евра. Во Бирмингем Колумбиецот постигна 20 гола на 78 натпревари пред да направи богат трансфер во Ал Наср во Саудиска Арабија.
Потоа одеше од Ал Наср на позајмица во Фенербахче, Зенит и Бенфика.
Во моментов е во Португалија во Бенфика. Има само 2 гола на 12 натпревари од кои 2 ги започна како стартер. Неговиот договор со Ал Наср важи до 2030-та година а Бенфика има опција да му го откупуи договорот.
Фред, пак, од Манчестер Јунајтед во 2023 отиде во Фенербахче. Одигра 129 натпревари за турскиот гигант и постигна 12 гола пред да се врати во Бразил годинава и да потпише со Атлетико Минеиро.