Offside

На 30 октомври 2025-та, тренерот од Тоскана седна на клупата на бјанконерите, желен за одмазда по неуспехот со националниот тим. По колапсите против Лацио и Џенова, неговата иднина сега е неизвесна.

Голман со глава во 94-та за реми

Во Данска, Алборг имаше голема шанса да им избега на ривалите за третото место кое води во Лига Европа, но во тоа ги спречи голманот на Архус, Штефан Расмусен. И тоа во 94-та минута.

Што мисли Ѓоковиќ за заработката во женскиот тенис?

По убедливиот триумф во финалето на Индијан Велс против Раониќ, Новак беше вовлечен во незгодна тема од новинарите кои од него добија одговор дека мажите имаат повеќе публика, играат поатрактивни мечеви и треба да заработуваат повеќе од жените, но додаде дека го почитува тоа што го прават спортистките.

Како да се вратиш од 12 разлика за 31 секунда?

Екипата ти губи 12 разлика и има посед на 44 секунди пред крајот. Помирен си со пораз и си бркаш друга работа, несвесен дека разликата на противникот почнува да се топи со неверојатна пресија.

Најмладиот стрелец во дербито на Манчестер

Новата сензација во англискиот фудбал, тинејџерот Маркус Решфорд стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол на дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Со неговиот гол, Црвените ѓаволи поведоа 0:1 на Етихад. Решфорд е и првиот играч од Манчестер од 2010. година после Пол Сколс кој дал гол на ова градско дерби.

Победа на Розберг, голема среќа за Алонсо

„Летав, гледав само небо и земја и бев преплашен, но Господ е голем и пресреќен сум што сум жив и здрав. Добар сум и тоа е најважно во моментов“, изјави Шпанецот кој имаше жесток судир со Естебан Гутиерес.

Да пробаме со четири натпревари

Плимут и Алавес не ни дозволија да се израдуваме на вчерашниот тикет на Мирјана. Одиме со нејзините нови предлози за денеска.

„Ние ќе ја освоиме лигата“

19-та победа за Лестер по 31 коло, овој пат против Кристал Палас на гости и одржување на предноста пред Тотенхем од 8 бода кој утре игра против Бурнемут. До крајот има уште седум кола, Клаудио Раниери не се лета со изјави дека сонот наблизу ќе биде остварен, но навивачите веќе почнаа да пејат "We're gonna won the league" и не сакаа да го напуштат стадионот.

Осврт на четиринаесето коло од Телеком Бизнис Лигата

Во рамките на 14. коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија се одиграа 9 натпревари во кои неизвесноста беше во преден план речиси во сите натпревари.

Сите новости од најдолгата сезона во Формула 1

Нов начин на елиминации во квалификациските кругови, можност за разновидна смена на гумите, ограничување во радио врските, дебитанти и погласни мотори во новата Ф1 сезона која викендов стартува во Австралија.

Пет јаки фиксови

Нова победа на Лестер за одржување на предноста, плус четири домаќини кои се фаворити. Тоа е изборот на Мирјана за сабота. Пробајте ги, со 100че носат околу 4.000 денари.

Тренерот кој им избега на Штази агентите

Како селектор на младинците на Источна Германија, во Суботица паѓа во искушение да бега кон Западна Германија, а во меѓувреме избегнува труење од страшната служба за државна безбедност, Штази. Станува херој кој спаси неколку бундеслигаши од испаѓање.

Колку е важно да се смени тренерот кога не оди

Обично кога екипа ќе влезе во лоша криза и потоа направи тренерска смена, знае да влезе на терен помотивирана, освежена, поборбена и со нов концепт во играта. Тоа и се случува на Рома во последните два месеци.

Вака цврство ќе стои и во Њукасл?

Човекот на кој не можеме да му го фатиме трагот од менување клубови, од трка за првак во Шпанија и Европа со Реал, сега се фати за работа каде треба да спасува клуб од испаѓање во Премиер лигата. Ретро видео од убавите времиња во Ливерпул со кој се искачи на европскиот трон,

Дортмунд - Ливерпул, Атлетик Билбао - Севиља

Големо дерби во четвртфиналето на Лига Европа ќе одиграат Дортмунд и Ливерпул, екипи кои се меѓу главните фаворити за освојување на ова натпреварување.

Меси е ноќна мора за Атлетико Мадрид

Ако Диего Симеоне ја погледне статистиката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во однос на тоа кој ги постигнува головите, тогаш цела одбрана треба да ја насочи за да го сопре Меси.

Лесна ждрепка за Реал и Баерн, Барселона против Атлетико

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во трилер натпревар ЈСП ги совлада ХАЛКБАНК

Во последниот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил славеше убедливо над АрцелорМиттал, а Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ одиграа нерешено.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.

Ливерпул го слави Кутињо

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето откако во реваншот со Манчестер Јунајтед одиграа 1:1. Убедливи победи славеа Брага, Севиља и Шахтјор, а понатаму оди и Дортмунд по уште една победа над Тотенхем, овојпат во Лондон.

Што му се случи на Лацио?

Спарта Прага направи големо изненадување вечерва во Рим, откако го декласираше Лацио со 0:3 и Италија после 15 години нема четвртфиналист во Европа. Валенсија залудно го совлада Билбао со 2:1 во меч во кој исклучен беше домашниот тренер Гери Невил.

10 составни делови од стереотипната сезона на Арсенал

На 2 јануари сезонава Топџиите беа лидери во Премиер лигата, исто како преклани и во 2008-ма. Знаат да запнат кога имаат најголеми проблеми со повредени. Знаат да не загубат на сите шест кола до крај. Но премногу се фалат со пари, а не трошат и затоа немаат титула 13 години.

Златен медал од Мундијал како последен поздрав

Легендарниот кабинер на Италија, Пјетро Ломбарди починал на 92 години, а Даниеле Де Роси при последниот поздрав му го оставил во ковчегот златото освоено на Светското првенство 2006. година во Германија.