1. Премногу трансфер шпекулации, а малку остварени
„Ние можеме да излеземе на пазарот и веројатно да го купиме било кој играч во свет, за разлика од половина кои тоа не можат да си го дозволат. Во банкарските сметки имаме над 200 милиони фунти“, изјави директорот на Арсенал, Лодр Харис минатото лето. Арсен Венгер можеби потроши многу за Озил и Санчез, но кога навивачите редовно се потсетуваат на надуените банкарски сметки на клубот, неуспехот на Топџиите за решавање на очигледни недостатоци во составот е преголем. Петр Чех е единственото засилување минатото лето, единствено звучно име кое не дојде на друга позиција. За следното лето задолжителни се централен бек, дефанзивен играч од среден ред и напаѓач.
2. Првото коло е фрустрирачко
Ветувањата на Венгер за повеќе засилувања обично носи пораз во прво коло. Во последните шест сезони, Арсенал има само една победа во последните шест сезони во Премиер лигата. Оваа сезона загубија 2:0 на Емирати од Вест Хем, а во 2013-та беа поразени од Астон Вила со 3:1.
3. Грешките на голманите
Позицијата на која Петр Чех дојде за 10 милиони фунти беше проблематична за Арсенал, но сепак тоа не доведе до целосно искоренување на голманските грешки. Головите на Вест Хем во прво коло беа негова вина, а Давид Оспина си ја заби топката во гол на мечот против Олимпијакос во ЛШ. Духовите на Алмунија, Маноне, Шчесни и Фабијански продолжуваат да го прогонуваат казнениот простор на Емирати.
4. Нокаут фаза во Лига на шампиони
Ефектот на Арсенал во најквалитетното клупско европско натпреварување обично е беден и завршува во раната нокаут фаза. Од 2007 година само два пати завршија како лидери на табелата во групната фаза. Во овие 9 години пред нив на табела беа Севиља, Порто, Шахтјор и Шалке. Во топ 16 фазата од ЛШ се пласираат 6 години по ред, но од таму не мрдаат повеќе.
5. Повреди, повреди и само повреди
Ако на некоја табела се први, тоа е табелата со повредени играчи. Прашањата за тоа одат кај медицинскиот тим на клубот, а најчесто кај фитнес тренерот Рејмонд Верхеилен од Холандија. Арон Рамзи, Џек Вилше кои се редовни виновници за играта, како и нивните замени Томаш Росицки и Микел Артера обично се наоѓаат во салата за третмани.
6. Ветувачка позиција
Чудно, но кога ќе им почнат проблемите со повреди, Арсенал има тенденција да ја пронајде формата. Тоа им се случува обично на средина на сезоната кога се први на табела. На 2 јануари годинава беа лидери со два бода за Лестер, позиција на која се наоѓаа и на стартот од 2008-ма и 2014-та. Во истиот период во 2010-та беа три бода зад лидерот, а во 2011-та два.
7. Како се пишува ужасот
Поразите во низа од Манчестер Јунајтед и Свонси драстично им ги намалија шансите за титула во Премиер лигата, во ФА Купот и Лигата на шампионите беа елиминирани во рок од две недели. Ова значи дека и оваа сезона ќе останат без трофеј.
Во март 2014-та имаа 4 бодови помалку од лидерот Челси и натпревар повеќе, но потоа не успеаа да победат на следните 4 средби. На Стемфорд Бриџ загубија 6:0, а од Евертон беа поразени 3:0.
8. Венгер аут
И кога порази резултатите виновникот се бара во Венгер, барањето за негово заминување достигнува крешендо. Кога ќе дојде пролет Французинот обично се заблагодарува за неговата работа низ годините во Лондон, но нема разделба. Никогаш не е јасно кој е тој што му дава толку шанси.
9. Задоцнета реакција
Изненадувачки, но откако притисокот ќе биде намален, а шансите за титула ќе испарат, резултатите и квалитетот на играта повторно ќе се подобрат. Во последните три месеци минатата сезона, Арсенал имаше само еден пораз. Во сезоната 2013/2014 победија на сите шест последни кола. По поразот во северното лондонско дерби на почетокот на месец март 2013-та, Арсенал немаше пораз, а го победи и Баерн Минхен во реваншот од нокаут фазата во ЛШ.
10. Лекциите се научени.
И така до крајот на сезоната, постои внимателен оптимизам дека следната година ќе биде година на Арсенал. Венгер е човекот кој ќе го води до слава. Вилшер е подготвен да стави крај на повредите. Тео Волкот конечно ќе стане топ класа на напаѓач.
Колку работите повеќе се менуваат, толку повеќе тие ќе остана исти.