Да се врати возбудата
Важна тема во новата сезона во Формула 1 да се обнови интересот на публиката, која е се повеќе незаинтересирана од трките кои носат се помалку престигнувања и битки. За да се успее во тоа, воведени се неколку значајни новитети кои би требало да поттикнат поголема неизвесност. Новите квалификации ќе бидат со елиминации, личниот избор со менување гуми ќе биде со нов компјутерски систем, а пораките на радио со пилотите ќе бидат лимитирани.
Новости
Во квалификации ќе има нов формат за да се одреди дефинирањето на стартот. Тој останува поделен на три дела, но ќе биде внесен системот на елиминации. Првиот квалификациски круг ќе трае 16 минути, а по 7 минути најбавниот пилот ќе биде елиминиран. Во втор круг ќе се натпреваруваат најбрзите 15 болиди, а ќе трае 15 минути. По 6 минути почнуваат елиминациите на најбавните. Во трет круг кој ќе трае 14 минути остануваат најбрзите 8, а елиминациите ќе се прават секои 90 секунди. Пол позицијата ќе биде позната во последните 90 секунди во кои остануваат најбрзите двајца.
Гуми
Новите гуми во Ф1 оваа сезона ќе бидат ултра софт во виолетова боја, а ќе има и супер софт (црвени), софт (жолти), средни (бели) и тврди (портокалови). Новост е тоа што на секоја трка Пирели ни носи три промени на гумите за разлика од лани кога имаше две. Во суштина изборот на гумите може да иде различен. Секој тим ќе има 13 комплети на гуми со различни комбинации. На пример Розберг во Мелбурн имаше два комплети софт, пет софт и шест суперсофт.
Ограничување на радио пораки
Тимовите сè уште ќе можат да ги известат пилотите за евентуални опасности на патеката, како истечена нафта, опасни остатоци од кои може да ги дупнат гумите, како и зголемување на температурите. Дозволени ќе бидат и повиците за пит стоп или повлекувања, информациите за веењето на знамињата на пистата, прекините во трките и другите директиви кои се во насока на трката. Нема да биде дозволено комуницирање во врска со менувањето на амортизатори во моментот кога возачот одбрал да оди во пит стоп.
Календар
Ова ќе биде најдолгата сезона. Се враќа во игра патеката во Хокенхајм, Германија, деби ќе има Баку, Азербејџан и вкупниот број на патеките ќе биде 21.
Достапност на моторот
Бидејќи ова ќе биде најдолгата сезона, секој возач ќе може да користи пет мотори, наместо четири.
Нов тим
Во Ф1 оваа сезона ќе дебитира тимот Хас со лиценца од САД. Моторот им е од Ферари, а зад воланот ќе бидат Роман Грожан и Естебан Гутиерез.
Индонезиец
Рио Харанто ќе биде првиот индонезиски возач во историјата на Формула 1 кој ќе вози за Манор. Поддржан од Пертамина, индонезиска државна компанија за нафта, Харанто лани освои три трки на ГП2 и заврши на четврто место на генералниот пласман. Тој ќе биде единствениот возач од Азија. Другите дебитанти се Џолион Палмер (Рено) и Паскал Верлин од Манор.
Најгласни ауспуси
Новиот дизајн на ауспусите се очекува да ја зголеми звучноста на болидите, а тоа е една од главните критики на фановите кои сметаа дека турбо моторите В6 се многу тивки.
Камери
Камерите во болидите кои имаат технологија со забавени снимки ќе се користат за анализирање несреќи и разни други ситуации од натпреварите.