Во трилер натпревар ЈСП ги совлада ХАЛКБАНК

Во последниот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил славеше убедливо над АрцелорМиттал, а Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ одиграа нерешено.

Во неизесен натпревар Македонски Телеком и ТРАНСМЕТ ги поделија бодовите

Македонски Телеком 3-3 (2-2) ТРАНСМЕТ
Македонски Телеком: Влатко Манев 5’ Влатко Причков 16’ 18’
ТРАНСМЕТ: Един Скендеровиќ 3’ 29’ Бобан Велјановски 20’
Екипите на Македонски Телеком и Трансмет одиграа крајно изедначен натпревар. Во текот на Целиот натпревар и двете екипи наизменично се менуваа во водството но ниту една од нив не успеа да направи исчекор за да дојде до резултатска предност. Се играше крајно израмнето и на двете страни што може да забележиме и од конечниот резултат од 3-3.
 
Апсолутна доминција на Лукоил во дуелот со АрцелорМиттал

АрцелорМиттал 1-7 (0-3) Лукоил
АрцелорМиттал: Жарко Ивановски 26’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 1’ 22’ 36’ Владимир Секулоски 3’ 23’ Александар Аврамоски 6’ 24’
Екипата на Лукоил во сите сегменти на фудбалската игра ја надигра екипата на АрцелорМиттал. Екипата на АрцелорМиттал ни одблиску не можеа да влезат на натпреварот ниту да парираат на минатогодишниот шампион кој овој натпревар уште од самиот старт па до финишот апсолутно доминираше. На крајот на овој натпревар Лукоил извојува убедлива победа од 1-7.
 
Во трилер натпревар ЈСП ги совлада ХАЛКБАНК

ХАЛКБАНК 7-8(3-2) ЈСП
Халкбанк: Мартин Дамески 1’ 3’ 6’ 40’ Марјан Атанасови 29’ Дејан Петкоски 34’ Ерсин Тахир 39’  
ЈСП: Коста Поповски 5’ 14’ 22’ 23’ 38’ Ивица Арсенов 30’ Дејан Блажевски 32’ Сабит Хусеини 36’
Екипата на ХАЛКБАНК имаше одличен влез во натпреварот со ЈСП во кој успеа да постигне три гола за само 6 минути, ова се должеше пред се на нивната добра одбрана која им овозможи преку одличен контра напад играчот Дамевски да ја преточи во три гола. ЈСП во ваквата игра на ХАЛКБАНК заигра мошне мотивирано успеа да најде против игра и да намали на 3-2. Во второто полувреме ЈСП целосно ги консолидира своите редови пред се блгодарение на Коста Поповски  кој имаше своја вечер. Екипата на ХАЛКБАНК во самиот финиш успеа да се врати во натпреварот да го намали водството на ЈСП, но не и да израмни па го загуби овој натпревар со 7-8.б
18 март 2016 - 10:11