Ждребот во Нион донесе шпанско дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид преку кое актуелниот европски првак ќе се бори за одбрана на титулата.
Вториот неизвесен натпревар е дуелот меѓу клубовите на Шеиците, Манчестер Сити и ПСЖ.
Баерн Минхен и Реал Мадрид се екипите кои се очекува лесно да ја оправдаат фаворитската улога против Бенфика и Волфсбург.
Четвртфинални двојки:
Волфсбург – Реал Мадрид
Баерн Минхен – Бенфика
Барселона – Атлетико Мадрид
Манчестер сити – ПСЖ
Првите натпреварите се играат на 5 и 6 април, а реваншите се една недела подоцна.