Offside

Мораше да чека до 31 година да го крене првиот трофеј во својата кариера. Никогаш не престана да работи. Никогаш не престана да верува. Никогаш не се откажа.

Турците занемеа на голов

Галатасарај славеше 2:0 против Ризеспор благодарение на двата гола на Швајцарецот Ерен Дердијок. Првиот го постигна по 6 минути игра, а Најџел Де Јонг се збуни кога го виде.

Среќа во несреќа, Македонија ќе игра квалификации за СП

Минималниот пораз од два поени разлика вечерва од Унгарија (63-61) и триумфот на Кипар над Швајцарија ја спаси Македонија од испаѓање во Б Дивизија. Унгарците играа без Ханга и Војвода, но повторно беа подобри од нас.

10 изјави на Паоло Ди Канио во негов стил

Поранешниот славен италијански фудбалер не е повеќе соработник на Скај каде ќе останеше ако носеше маица по долги. Причината за прекинувањето на соработката е една тетоважа која во превод значи „лидер“, асоцијација за Бенито Мусолини.

Алигатор на сред патека за Формула 1

Младиот Макс Ферштапен за малку не удри во огромен гуштер кој се појави на патеката во Формула 1 каде се возеше тренингот пред утрешната трка за ГН на Сингапур.

Кога имаш 0:2 на Стемфорд бриџ

Џордан Хендерсон им донесе втор шок во 36 минута на навивачите на Челси, а камерите во тој момент го бараа Јирген Клоп за да му ја видат реакцијата кога Ливерпул го зголеми водството.

Си играл ли пинг-понг со мајмун?

Сега и дефинитивно нема оправдание за оние кои не сакаат да одиграат партија пинг-понг затоа што не знаеле како се игра. Штом царов може, можеме и ние.

Станковиќ јуниор цел на тато

Стефан Станковиќ има 16 години, тренира во Интер и доби повик од кадетската репрезентација на Србија. Ако по ова голчиште се мери неговиот квалитет, тогаш Дејан Станковиќ може да се гордее со најстариот од тројцата синови.

Џо Харт прозборе италијански, ќе го биде

Најголемото трансфер изненадување летово беше голманот на Манчестер Сити Џо Харт кој дојде да игра во Торино. Ем го пречекаа стотици навивачи на „Биковите“, а тој им позираше со дресот, ем што сега им прозборе италијански па ќе го засакаат уште повеќе.

Црни денови ја чекаат македонската кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација по сè изгледа нема да игра во квалификациите за СП 2019 во Кина, туку во исто време ќе се обиде од Дивизија Б да се врати во Дивизија А за да евентуално може да игра квалификации за ЕП 2021. До тогаш може само да си свиркаме.

ФИФА и Франс фудбал се разделија

Од 2017 година ќе гледаме два избори за најдобар играч, еден на Европа и еден во свет, исто како што беше порано. Златната топка во оваа форма оди во историјата.

Никој како „Феноменот“ на млади години

Се појави една листа на најдобри стрелци во фудбалот, но кога имале под 23 години. Првото место изгледа недостижно.

Култот на Брито Ривалдо

Кога дошол во Барселона сите сфатиле дека бил лимон табиет и дека било прашање на време кога ќе се скара со незгодниот Ван Гал. Со игрите на Камп Ноу, Ривалдо ја доби наградата најдобар фудбалер на светот а голот против Валенсија важи за еден од најубавите на сите времиња.

Ретро со Малдини од VHS лента

Легендарна видео снимка со славниот италијански пејач Џованоти и младиот 22 годишен дефанзивец на Милан, Паоло Малдини за време на Ферагосто, најголемиот празник во Италија, во 4 и кусур сабајле. 

Џандарот кој повеќе е на стадион, отколку дома

Ако барате англиски навивач кој ги посетил сите стадиони во својата и соседната земја и ако сакате да знаете колку ги има на број, тогаш треба да прочитате за Робин Валтерс. Човекот без бариери.

Интер се посрамоти на домашен терен

За разлика од мечевите кои се играа од 19 часот кои донесоа 37 голови, стрелците на средбите од 21:00 беа многу помалку расположени и постигнаа 20 голови. Гостинските екипи беа поуспешни и остварија пет победи, за разлика од домаќините кои славеа на три меча.

Манчестер Јунајтед се лизна во Ротердам, Зенит со лудачки пресврт во Израел

Макаби Тел Авив имаше 3:0 по 70 минути игра против Зенит, но Русите одиграа 15 историски минути во кои стигнаа до 3:4. Тимот на Мурињо загуби минимално од Феенорд, Рома со бод се враќа од Чешка, а Сасуоло стигна до деби победа во Европа и тоа убедлива.

Најбрзиот гол во Лига Европа

Првиот денешен дуел во првото коло од Лига Европа меѓу Карабах и Слован Либерец (2:2) го донесе најбрзиот погодок во историјата на ова натпреварување. Го постигна Јан Сикора од чешкиот тим по 10 секунди игра, а македонскиот фудбалер Муарем Муарем влезе во 66 минута.

Излетот на Георге Хаџи од Реал во Барса преку Серија Б

Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.

Пристрасен коментатор почна да пее во живо

Атлетико Мадрид им собра 3 бода на ПСВ на гости во Лига на шампиони, а поддршка имаше и од холандскиот коментатор кој славеше кога Јан Облак одбрани пенал. Потоа фудбалерите на ПСВ не му дадоа изјава.

Стара ама добра финта

Одиме со една стара школска финта на еден фудбалски натпревар во ниските аматерски лиги во Англија.

Симболот на Милан каде сега нема вакви играчишта

Лобот против Барселона во финалето од ЛШ никогаш нема да се избрише од главата на навивачите на Милан, исто како што нема да го заборават навивачите на Црвена Ѕвезда кога се качи на кровот на Европа. Не за џабе го викаат гениј, кој инаку денеска слави јубилеј, 50 години.

Колку е 7+ за Селтик?

При секое доаѓање на Селтик на Камп Ноу, прогнозерите десно во билтенот ги бараат коефицентите за „седмица“, „петка“, „шестка“ свесни за тоа што го чека гостинот. Во првото коло од ЛШ во вторникот, Барселона со 7:0 го испрати шкотскиот шампион дома. За жал по „Детелините“, одамна поминаа времињата кога во Европа играа поинаку.

Чембрлејн и неговите пречки

Топ 7 голови на крилниот играч на Арсенал кои не се случија.