Никој како „Феноменот“ на млади години

Се појави една листа на најдобри стрелци во фудбалот, но кога имале под 23 години. Првото место изгледа недостижно.

Кога ќе ја видите топ листата со бројот на голови, не се излетувајте особено вие кои сте за Реал Мадрид бидејќи не е најдобар тој што мислите.

Оваа лидерска позиција на Бразилскиот напаѓач се должи на првите одлични две години во Крузеиро, брзото прилагодување во Холандија каде потоа играше две сезони во ПСВ, како и блесокот во Барселона, особено во сезоната 1996/1997 кога на 20-21 година стигна до 47 голови на 49 настапи за сите натпреварувања.

Вака изгледа топ листата на стрелци со возраст помала од 23 години само на клупски натпревари:

1. Роналдо 194
2. Раул 145
3. Лионел Меси 127
4. Серхио Агуеро 124
5. Ромелу Лукаку 121
6. Мајкл Овен 111
7. Кристијано Роналдо 97
8. Фернандо Торес 87
9. Вејн Руни 94
10. Луис Суарез 77
11. Давид Виља 70
12. Златан Ибрахимовиќ 69
13. Алан Ширер 65
14. Тјери Анри 57

16 септември 2016 - 12:34