Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и групацијата Amaury која го поседува магазинот Франс фудбал ја прекинаа соработката откако не успеаа да постигнат договор за заедничкото доделување на Златната топка.
Тоа значи дека работите на оваа тема од следната година се враќаат по старо. Франс фудбал ќе го прогласува најдобриот играч на годината од Европа, а ФИФА ќе му дава признание на најдобриот на планетата.
Од 2010 година Франс фудбал и ФИФА се здружија и даваа една единствена награда „Златна топка“, која четири пати ја освојуваше Меси и два пати Роналдо, а право на глас имаа селекторите и капитените на сите 208 фудбалски репрезентации и членки на ФИФА, како и по еден новинар од секоја земја.
Сега најверојатно Светската куќа на фудбалот повторно ќе го врати доделувањето на наградата „FIFA World Player“ кое почна од 1991 година, а Франс фудбал ќе ја дели наградата „Balon d`Or“, традиција стара од 1956 година.