Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Наумче не го оставија да си оди дома

Дека ракометот ни е број 1 спорт доказ плус е страста на фановите кои синоќа половина час ги држеа нашите ракометарите за сликање. Најмногу останаа Наумче, Борко и Гоце, а најголема гужва се направи околу Мојско кој заедно со Миркуловски се простија од репрезентативниот дрес.

Парижаните одлепија на вториот гол

И на двете средби против Романија и Албанија, на домаќините им беа потребни 90 минути за да постигнат гол. На првиот меч Димитри Паје им донесе драгоцени 3 бода, а синоќа само ја потврди победата во судиското продолжение. Во Париз беше лудило.

Како Славен Билиќ го прослави голот на Паје

Најзаслужниот за развојот на Паје во еден од најдобрите европски фудбалери е тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ кај кого Французинот блескаше сезонава. Хрватскиот стратег искрено се израдува на неговиот гол против Албанија. „Му пратив порака: Најдобар си.“ изјави Билиќ во студиото.

Франција во финишот го скрши отпорот на Албанија

Албанија одлично се бранеше во текот на целиот меч, имаа нашите соседи и две мошне сериозни шанси, погодија и статива, но на крајот потклекнаа на Велодром во Марсеј. Им пресудија Гризман и Паје во финишот од мечот.

Македонија оди на Светско, Чешка нека учи како се игра ракомет

По бледото издание пред 4 дена во Злин, македонската ракометна репрезентација блесна во Борис Трајковски и му покажа на противникот кој треба да патува на Мундијалот во Франција 2017-та. Конечни 34:27 за момците на Лино Червар. 

Реми кое повеќе им одговара на Швајцарците

На Паркот на Принцовите во Париз, Швајцарија и Романија одиграа 1:1 во второто коло од групата А.

Крсте ја начна мрежата во Ј. Кореја од слободен удар

Екипата на Инчон Јунајтед славеше со 2:0 над Сувон сити. Дебитанскиот гол на Крсте Велковски падна откако македонскиот репрезентативец нафрлаше од слободен удар, но топката никој не ја допре.

Гледајте Франција – Албанија со Панчев и Коцев

Фудбалската легенда Дарко Панчев и актерот Сашко Коцев заедно ќе го следат претстојниот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Албанија. 

Маестрален гол на Хамшик, триумф на Словачка

Ситуацијата во групата Б веќе станува интересна откако се одигра првиот меч од вториот круг на ЕП 2016. Словаците стигнаа до прва победа со која останаа во игра за нокаут фазата.

Новиот газда на Интер многу работи, не дава интервјуа и ги помага младите

Најавен како спасител, индонезискиот милијардер Ерик Тохир кој дојде пред две години во Интер не остави никаков белег во клубот и сега втора шанса за враќање на старите патеки ќе има друг азиски тајкун кој е таинствен и кој сака да се покаже со дела.

Ако ја победиме Чешка, ги носам играчите да пиеме

Хрватскиот селектор Анте Чачиќ во разговор со хрватските новинари изјавил дека некое време размислувал што да направи ако ја победат Чешка во второто коло. На крајот смислил добра идеја.

Ондреј Ди Марија од Словачка

Главна ѕвезда на Словачка без сомнеж е Марек Хамшик, но најперспективен играч од оваа земја е 21-годишниот Ондреј Дуда од Легија Варшава. Дуда го даде единствениот гол за Словаците досега на ЕП.

Ќе фалат Мојсо и Жути

Википедија вели 120 настапи и 301 гол за Миркуловски, 108 настапи и 163 голови за Мојсоски. Филип го поти дресот од 2003-та, а Наумче од 1998-ма. И двајцата беа едни од главните алки во играта на македонската репрезентација во оваа низа на учества на Европските и Светски натпреварувања од каде ни носеа големи радости, особено на ЕП 2012 во Србија каде станаа петта најдобра селекција во Европа. Им благодариме за трудот, одличните игри и резултатите за кои вечерва во Борис Трајковски сигурно ќе добијат огромен аплауз. И да, однесете ја повторно Македонија на Светско.

Сент Паули со лажна промоција и тренерска маска

Тренерот на Сент Паули, Едвард Линен не бил присутен за време на промоцијата на новиот фудбалер во клубот Марвин Дукч, така што управата викнала некој вработен на стадионот да стави маска со ликот на тренерот.

Англија vs Италија во поинаков дуел

Една стара фотка со селекциите на Англија и Италија на која вика вака.

Швеѓаните и Ирците држат лекции по навивање во Франција

Англичаните и Русите не се интересни веќе со тепањево. Додека нивното насилство од Марсеј го пренесуваат во Лил, ќе ви покажеме како навивачите на Шведска и Ирска го доживуваат фудбалскиот празник во Франција. И тоа заедно, со здружени сили. Алал да им е.

Каде беше Пелè пред седум дена

Според Инстаграмот на девојка му, италијанскиот напаѓач кој ја тресна Белгија со волеј удар, бил на еден убав одмор со една убава девојка.

Во меѓувреме на една плажа во Шпанија

Не знаеме ова дали влегува во свртување од 180, 360 или 720 степени, но ролингов е тотално лудачки, а ракометаров според движењава повеќе личи на гимнастичар.

Џабе се од главен град кога играчите им бегаат на север

Ако Баерн Минхен е немилосрден во Германија, а Реал и Барса во Шпанија, тоа во Италија е Јувентус. Актуелниот италијански шампион кој 5 години не го дава тронот, со овој начин на работа ќе владее уште многу, особено кога на конкурентот за титулата им ги купува главните играчи.

Мизерен однос на Англичаните со деца емигранти

Познати по незгодното однесување под дејство на алкохол, англиските навивачи одвратно се однесуваа во францускиот град Лил каде Англија ќе игра против Велс.

Малиот Исланд до голем бод

Дебитантот на Европските првенства, Исланд освои важен бод на последниот меч од првото коло на ЕП 2016. Стрелци Нани и Бјарнасон.

Голманот со сивите тренерки кој не старее

На било кој навивач од Премиер лигата да му го спомнете Габор Кирали, веднаш ќе помисли на една работа. Не за импресивните одбрани за Кристал Палас и Барнли на времето и не поради 100-те настапи за Унгарија.

Шаќири ќе игра за Косово затоа што остана без капитенска лента

Најдобриот фудбалер на Швајцарија, Ѓердан Шаќири го нарушил мирот во кампот на оваа репрезентација откако изјавил дека ќе продолжи да игра за Косово затоа што му ја зеле капитенската лента во Швајцарија.