Што треба да знаете за Мајк Тајсон

Во едно неодамнешно интервју, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија и член на боксерската Куќа на славните, Мајк Тајсон, кој годинава наполни 50 години раскажа што му се случило во едно средно школо.

Има очигледна разлика во генерацискиот јаз на оние кои го знаат Тајсон како еден од најдобрите боксери на ХХ-от век и оние кои не го знаат. Овие вторите не го препознаваат Тајсон за тоа што го направил во рингот како боксерски шампион, туку го гледаат поинаку: Човекот од „Хенговер“ со тетоважа на лицето.

„Различни генерации. Отидов во едно средно школо каде околу 600 деца се собраа во една предавална. Имаа голем видео-бим, 10 на 10. Им пуштија некои од моите борби затоа што не знаеа кој сум јас. Мислеа дека сум само глумецот од „Хенговер“ а едно дете рече како ме памети по приказните на дедо му. Тоа беше така понижувачки“, вели Тајсон за Sports Illustrated.

Ако Мајк утре се реши да дојде и во вашето школо или кај вас на работа, мора да се подготвите другари за да не ја понижите боксерската легенда. Во детството, Тајсон повеќе пати е апсен поради кражби. Во казнено-поправниот дом во Бруклин каде Мајк најчесто преноќувал доаѓал Мухамед Али и редовно разговарал со проблематичните деца. По една таква средба, Мајк првпат помислил на боксерска кариера.

Најмногу од сите други луѓе на Тајсон влијаел тренерот Кас Д’Амато кого Мајк го сметал за свој „бел татко“. Благодарение на легендарниот Кас, Мајк научил да чита и да пишува, го освои главниот турнир во САД „Златни ракавици“ и во 1985. година дебитирал во професионалниот ринг.

Стана најмладиот светски шампион во тешка категорија, откако во ноември 1986. година го нокаутираше Тревор Бербик. Мајк тогаш имал само 20 години, 4 месеци и 23 дена. Рекордот е актуелен и денес.

Силата на ударот на Мајк Тајсон во врвот на кариерата изнесувала 800 кг. Со таква силина може да се убие човек.

Најпознатиот меч во кариерата на Тајсон се одржа во летото 1997. година. Во третата рунда од реваншот против Ивандер Холифилд, Тајсон му одгриза дел од увото на противникот и беше дисквалификуван. После борбата Мајк го објасни чинот со тоа што Холифилд постојано му бил до неговата глава. После некоја година двајцата се смирија.

 

Тајсон влезе во Гинисовата книга на рекорди како автор на најбрзи нокаути - 9 од кои секој е побрз од една минута.

„Најопасниот човек во историјата на спортот“, по верзија на ESPN.

Пред едба борба со најголемиот ривал Ленокс Луис, Тајсон предизвика масовна тепачка во која беше нокаутиран дури и претседателот на Светската боксерска организација (WBC) Хосе Сулејман.

Сопственик е на најпознатата тетоважа во спортот. Во 2003. година, Тајсон исцртал спирала околу левото око. Долго време најавувал дека сака тетоважа под влијание на културата на Маорите. Во едно од своите интервјуа боксерот призна дека едноставно бирал пример кој ќе го направи неговото лице „помалку добродушно“.

Тајсон три пати бил осудуван. Најпознатиот судски процес над него се водеше во 1992. година кога Мајк беше осуден на шест години затвор поради силување. Отслужи само три, а подоцна добиваше минимални затворски казни поради претепување и употреба на наркотици.

Мајк повеќе сака гулаби отколку луѓе.

„Тоа не е хоби, туку страст. Многу им бев верен на гулабите кога се борев и кога бев зад решетки. Толку се слични со нас, но за разлика од луѓето птиците не лажат. Враќаат добро за добро и кога ќе се грижиш за нив, ќе ти платат со искрена љубов“, изјави еднаш Тајсон.

Во 2011. година Тајсон влегол во Меѓународната боксерска куќа на славните во Канастота заедно со Хулио Цезар Чавез и Силвестер Сталоне.

Мајк се појави во неколку филмови и серии. Неговата најпозната улога е во комедијата „Хенговер“.