Кога зборуваме за легенда на Удинезе јасно е дека се работи за Антонио Ди Натале. Поранешниот италијански репрезентативец имаше квалитети за врвен клуб, но се реши за онаа поговорка „Подобро прв во село, отколку последен во град“.
Доби конкретна понуда од Јувентус, клуб кој освојува трофеи и кој дава поголема плата, но популарниот Тото си има свои приоритети.
„Дојде тој ден кога требаше да преминам во Јувентус. Ми се јави агентот и ми рече:-Тото се е договорено, Јувентус понуди три годишен договор за плата од 1,6 милиони евра по сезона.Ја спуштив слушалката и и се јавив на сопругата: Слушај за неколку часа можат да бидам играч на Јувентус, ме чекаат да одговорам. Што мислиш за тоа?
-Тука сите те сакаат, капитен си, симбол на тимот, што ќе правиш во Торино? Имаме сосема доволно пари.Тогаш го погледнав синот кој ми рече:-Татко јас сакам да оснатам тука, не сакам да одам во Торино и да ги оставам пријателите.Му се јавив на агентот и му реков: Поздрави ги во Јувентус, но јас останувам во Удинезе. Уште истата ноќ со сопругата и синот бевме на пица за да ја прославиме мојата верност кој Удинезе“
Ретки се играчите кои во време кога парите го вртат фудбалот може да се пофалат со ваква приказна. Верноста пред парите. Така постапи на пример Тевез кој по авантурата во Јувентус ги одби кинеските милиони и се врати во Бока или Тоти кој цел живот му го посвети на Рома.
Приврзаноста на Ди Натале со Удинезе траеше 12 години или поточно од 2004-та кога дојде од Емполи. Тој е сега најдобар стрелец во историјата на клубот со 227 голови и шести најдобар стрелец во Серија А.
Во 2010-та и 2011-та беше најдобар стрелец во првенството и во периодот меѓу 2009-та и 2011-та само двајца фудбалери во Европа имаа повеќе голови од него. Ди Натале 67, Меси 82, Роналдо 86. Минатата година Франс Фудбал го стави во листата на 10 најдобри играчи во светот кои се на возраст над 36 години.
Последниот меч за него на 15 мај против Карпи беше многу емотивен, а се прости со дресот на Удинезе со гол.
„Се повредив на тренинг, но сакав да ги одиграм барем последните 20 минути и докторите на тимот ми дозволија. Бев релаксиран се до еден ден пред мечот, но кога седнав за последен пат во соблекувалната плачев како бебе. Ми поминаа 12-те години како флеш пред очите“.
Со помош на лидерот Антонио Ди Натале, Удинезе успеа на два пати да стигне до квалификации во Лига на шампиони откако завршуваше на трето и четврто место во Серија А.
Како реагираше публиката кога влезе во игра и го постигна последниот гол