Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Објаснувањето на Валдес за тоа дека кај Пеп нема никогаш рогачката

Некој ќе рече дека таа игра со пимплање е здодевна за око, ние ќе речеме дека е најубава, а Пеле во една прилика додаде дека играта со куси додавања е најтешка за имплементирање на терен. Голманот со 21 трофеј во Барса ја раскажува првата лекција со човекот кој најдобро ја практикува.

Две жени се фатија за фрлен тениски стегач, па не пуштаат

По крајот на мечот од Австралија Опен меѓу Белорусинката Арина Сабаленка и Кејти Болтер од Британија (6:3, 6:4), победничката како што е редот во публика ја фрли својата трака за коса без да знае дека ќе падне меѓу две не баш нормални возрасни жени.

Во либералните земји паѓале повеќе голови по натпревар во просек

Дали има вистина во тврдењето дека слободата ги полни стадионите, а диктатурата освојува првенства, не знаеме, иако оваа премиса има доста поборници.

На лето фудбалот го остава уште една голема легенда

Чешкиот голман Петр Чех има неколку вселенски достигнувања во англиската Премиер лига. Држи рекорди кои тешко дека во догледно време некој друг голман ќе ги достигне.

Моментите кога ти е преубаво да ја гледаш Македонија на СП

Македонските цепелини се добро познат белег во играта на нашите ракометари и тие не го бираат противникот. Шпанија тоа го почувствува на Мундијалот пред две години кога загубивме со 4 гола разлика. Па нека биде така и вечерва, ама со резултат во наша полза. Да ве потсетиме како Кире ги потепа на СП 2017 во Франција.

Топката е поголема од него, ама ја владее

Што се вика уште моча во гаќи, ама со топка е бетер од возрасен. Како не го здоболи нога од жонглирање вака бос, нас видот ни се умори, а броењето ни се измеша од што го прави ова брзо. За малце не стаса до 100-ка, околу 90 треба да се. Ваљда.

Молдавец трчал 50 км маратон на -60 во Јакутија

Екстремниот спортист Дмитриј Волошин од Молдавија истчрал 50 километри во Јакутија - најстудениот реон на Земјата каде пред 80 години била регистрирана рекордна температура од минус 71,2 степени.

МЛС 2008 vs МЛС 2018

Најквалитетната фудбалска лига во САД има сериозно добар напредок во период од само 10 години. Бројките кои ги постигнале за една деценија се фасцинантни и пример како се успева кога ќе запне човек да работи. А знаете дека фудбалот не им е спорт број 1.

Стани Бобан, магаре едно

Бобан Марјановиќ е еден од најголемите шегобијци во НБА. Последно што направил е синоќа кога дошол на натпревар против Њу Орлеанс Пеликанс на квадроцикл. Неговите Клиперси изгубија 117-121 а српскиот репрезентативец не влегуваше во игра.

Извежбан корнер на денот

Не се нервирајте кога тој што изведува корна, не ја нафрла директ, туку му ја додава на тој што стои до него. Има и во тоа логика, особено кај селекцијата на Јордан.

Спаси една топка, му настрадаа најважните две

Пожртвуваноста на денот ни доаѓа од Индија, каде исто така за запазување е и коментаторот кој многу директно и сликовито ја опиша оваа болна интервенција: Не само што самиот се жртвуваше за оваа топка, туку ја жртвуваше и идната генерација. Ја спаси топкава, ама исто така загуби две.

Фудбалер од Бахреин преживува голгота поради протести и револуција

Еден од најдобрите играчи во Бахреин пред неколку години бил обвинет дека учествувал во демонстрации против властите во земјата. Оттогаш до денес се моли само да не го вратат зошто знае што го чека.

Какви пари какви бакрачи, гратис ќе ви играм и плус јас ќе ви дадам пари

Ако мислите дека она „фудбал се игра за љубов“ е само една убаво замислена научна фантастика или бајка, се најде јунак кој успеа да докаже дека и тоа постои.

За успехот на Јунајтед не е заслужен само Солскјер, туку и еден човек од сенка

Неговото влијание во Јунајтед било големо уште во ерата на големиот Сер Алекс кој лично се заложил Фелан да се врати во клубот затоа што ги познава состојбите од внатре. Идејата на Ферги била полн погодок.

Јирген Клоп ја призна својата најголема грешка

Фудбалерите на Ливерпул сезонава играат неверојатен фудбал. Ги мелат противниците во Премиер лига и Лига на шампиони и заслужено се меѓу главните фаворити за освојување.

И Мануел Ноер посака да биде Едерсон

Знаете како велат, од многу стоење на времево голманот може да настине, па не е на одмет некој спринт нели? Едерсон се опушти против Вулверхемптон и воопшто не беше лош, напротив Пеп сигурно е горд на неговите куси и разумни додавања.

А дали го видовте на Гатузо клизачот?

Лизгачкиот старт на Гонзало Игуаин врз Џенаро Гатузо е хит од вчерашниот тренинг на Милан во пресрет на Супер Купот на Италија против Јуве закажан за 16-ти. Ништо не е тоа, гледајте го вие царот како му влезе на Ромањоли. Во Караорман не влегуваат вака со две нозе.

Игуаин бери памет на следниот тренинг

Гонзало Игуаин не е повеќе виден жив, откако му направи клизачи на Гатузо на тренинг, вели описот по кој ти е јасно зошто од денес ќе фрчат силни заушки. Не ти проаѓа ова кај шефот туку така.

Тешко се излегува на крај со Хрватска

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска во првиот сериозен испит кој беше многу тежок за положување.

За спонзорот Teka на легендарните дресови на Реал Мадрид

Логото на дресовите кои ги носеа Раул, Роберто Карлос, Гути, Фиго и другите легенди остана запаметено со успесите на „кралскиот клуб“.Во ситуација кога интернетот не беше доминантен, ретко кој знаеше нешто повеќе за Тeka, спонзорот на Реал Мадрид.

Обложи се на ракомет и освој нов Мi8 Lite!

Сѐ што треба да направиш е да одиграш тикет со натпревари од понудата за Светското првенство во ракомет регистрирани на твојата Sport Life – клуб картичката и да фатиш највисок вкупен коефициент во периодот на траење на натпреварот.

За 15 годишник ова е преимпресионирачки дриблинг

Иако има 15 години Рајан Черки е дел од тимот на Лион У-19. Не знаеме дали идол му е Нејмар, ама од него појако го прави овој потег, својствен повеќе за тоа нинџите од сала како Фалкао и Рикардињо.