Во убавите моменти, Клоп се сеќава и кога на времето кога ја предводеше Борусија Дортмунд како направил лоша проценка.
Во 2014-та харизматичниот германски тренер можел да го доведе Мане во Борусија, Јирген дури и го гледал неколку пати Сенегалецот но на крај се откажал од намерата да го купат. Мане потоа потпиша со Саутемптон, кој за него даде 13 милиони евра.
„Јас направив неколку грешки во својот живот, но една од најголемите беше што не го потпишав Мане кога работев во Борусија. Тој беше дури и во мојот кабинет, разговаравме, но јас во последен момент посомневав во него. Тоа беше исклучително моја вино. Садио е неверојатен дечко. За среќа, судбината ми даде втора шанса“, раскажал искрено Клоп за англиските медиуи.
Садио во ноември го продолжи договорот со Ливерпул, а тука може да ја прочитате приказната за него.