Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Македонија го совлада Косово на гости

13 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
  • Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
  • На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.
извор

По навивачите на МЗТ, и „Сити Парк Бојс“ испратија патриотска порака од трибината

13 October 2026
  • Share
  • Post
  • Работнички ја забележа и втората победа во две кола од новата сезона во мак-баскетот откако славеше 86-70 против КК Тиквеш. По стартниот триумф над Струмица на гости, Работнички пред своите навивачи запиша нова победа за 2/2.
  • Навивачите на домашниот тим, „Сити Парк Бојс“, испратија патриотска порака која следи само неколку дена откако навивачите на МЗТ Скопје имаа слична симболика на дуелот против грчки Ираклис во Еврокуп, за што Грците веќе упатија жалба до надлежните во натпреварувањето и бараат казна.
  • На трибната на популарните „Бојси“ стоеше „Од Вардар, Пирин до Солун, име ѝ е Македонија“, а истакнато беше и сонцето од Кутлеш.
  • На натпреварот Работнички - КК Тиквеш беа присутни и поранешните кошаркари на црвено-белите: Томе Димишковски, Драган Радосављевиќ, Христо – Рики Ѓорчевски и Огњан Герасимовски.
  • По идеја на навивачката група „Сити парк бојс” и раководството на клубот, поканети се, тоа важи за сите домашни натпревари на КК Работнички сезонава во реновираната сала „Лазар Лечиќ, многу легендарни поранешни кошаркари и тренери на клубот кој е основан пред 80 години.
извор

По Ѓоковиќ и Алкараз елиминиран во Шангај

13 October 2026
  • Share
  • Post
  • Настапот на Карлос Алкараз на мастерсот во Шангај заврши уште во третото коло, откако Зизу Бергс приреди сензација и победи со 7-5, 7-6(4).
  • Шпанецот пристигна во Шангај со големи очекувања, особено по освојувањето на титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Токио, успех што наговестуваше враќање во врвна форма по повредата.
  • Сепак, белгискиот тенисер му приреди непријатно изненадување, прекинувајќи го неговиот поход во раната фаза од турнирот. 
  • Во Шангај се случи вистинска сеча на фаворитите. Пред Алкараз, елиминиран беше и Новак Ѓоковиќ кој штотуку го имаше освоено трофејот во Пекинг, додека Бен Шелтон, Флавио Коболи, Френсис Тиафо, Тејлор Фриц, Брендон Накашима и Лернер Тиен исто така рано го завршија своето учество.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Шведска му се враќа на кешот

Разно
2

Татковина е кајшто татко ти избегал од меѓународна потерница

3

Џобс, џубре

Забава
4

А вие за Груевски се чудевте

Македонски рулет
5

Се надевав дека овој текст никогаш не ќе треба да го пишувам

Мешано
6

Вештачката интелигенција води кон техно- феудализам

Мислења
7

Автопат „Мед и млеко“

Македонштина
8

Чешката Дилета Леота

Фудбал
1

Чешката Дилета Леота

Фудбал
2

Во меѓувреме одиме во Канада

Фудбал
3

Надреална и најјака мајсторија во историјата на женскиот фудбал

Фудбал
4

Он е најтежок за чување, ај ти

Фудбал
5

Асистенција и црвен за Елмас

Фудбал
6

Нов тежок испад на тенисер

Разно
7

Сите сме имале по некоја ваква жртва во маало, нели?

Фудбал
8

Ако не знаат центарфори, дај ми ја мене да ја рокнам

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Автопат „Мед и млеко“

Медиуми

Како изгледаше „скролање“ во 1989 година

Македонштина

Па да остават ли децата да се коцкаат?

Балканштина

Деманти се за наивни

Балканштина

Еволуција на еден разговор

Балканштина

Женска лојалност

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да препознаеш примитивец?

Мистерии на оргазмот

Норвешка, земјо моја

Скопјанец и дечко на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy