По навивачите на МЗТ, и „Сити Парк Бојс“ испратија патриотска порака од трибината
13 October 2026
- Работнички ја забележа и втората победа во две кола од новата сезона во мак-баскетот откако славеше 86-70 против КК Тиквеш. По стартниот триумф над Струмица на гости, Работнички пред своите навивачи запиша нова победа за 2/2.
- Навивачите на домашниот тим, „Сити Парк Бојс“, испратија патриотска порака која следи само неколку дена откако навивачите на МЗТ Скопје имаа слична симболика на дуелот против грчки Ираклис во Еврокуп, за што Грците веќе упатија жалба до надлежните во натпреварувањето и бараат казна.
- На трибната на популарните „Бојси“ стоеше „Од Вардар, Пирин до Солун, име ѝ е Македонија“, а истакнато беше и сонцето од Кутлеш.
- На натпреварот Работнички - КК Тиквеш беа присутни и поранешните кошаркари на црвено-белите: Томе Димишковски, Драган Радосављевиќ, Христо – Рики Ѓорчевски и Огњан Герасимовски.
- По идеја на навивачката група „Сити парк бојс” и раководството на клубот, поканети се, тоа важи за сите домашни натпревари на КК Работнички сезонава во реновираната сала „Лазар Лечиќ, многу легендарни поранешни кошаркари и тренери на клубот кој е основан пред 80 години.