- Настапот на Карлос Алкараз на мастерсот во Шангај заврши уште во третото коло, откако Зизу Бергс приреди сензација и победи со 7-5, 7-6(4).
- Шпанецот пристигна во Шангај со големи очекувања, особено по освојувањето на титулата на турнирот од серијата АТП 500 во Токио, успех што наговестуваше враќање во врвна форма по повредата.
- Сепак, белгискиот тенисер му приреди непријатно изненадување, прекинувајќи го неговиот поход во раната фаза од турнирот.
- Во Шангај се случи вистинска сеча на фаворитите. Пред Алкараз, елиминиран беше и Новак Ѓоковиќ кој штотуку го имаше освоено трофејот во Пекинг, додека Бен Шелтон, Флавио Коболи, Френсис Тиафо, Тејлор Фриц, Брендон Накашима и Лернер Тиен исто така рано го завршија своето учество.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.
- Работнички ја забележа и втората победа во две кола од новата сезона во мак-баскетот откако славеше 86-70 против КК Тиквеш. По стартниот триумф над Струмица на гости, Работнички пред своите навивачи запиша нова победа за 2/2.
- Навивачите на домашниот тим, „Сити Парк Бојс“, испратија патриотска порака која следи само неколку дена откако навивачите на МЗТ Скопје имаа слична симболика на дуелот против грчки Ираклис во Еврокуп, за што Грците веќе упатија жалба до надлежните во натпреварувањето и бараат казна.
- На трибната на популарните „Бојси“ стоеше „Од Вардар, Пирин до Солун, име ѝ е Македонија“, а истакнато беше и сонцето од Кутлеш.
- На натпреварот Работнички - КК Тиквеш беа присутни и поранешните кошаркари на црвено-белите: Томе Димишковски, Драган Радосављевиќ, Христо – Рики Ѓорчевски и Огњан Герасимовски.
- По идеја на навивачката група „Сити парк бојс” и раководството на клубот, поканети се, тоа важи за сите домашни натпревари на КК Работнички сезонава во реновираната сала „Лазар Лечиќ, многу легендарни поранешни кошаркари и тренери на клубот кој е основан пред 80 години.