Хрватска не е ниту Јапонија, ниту Бахреин, а тоа најдобро го почувствуваа нашите ракометари кои се соочија со посилен и поискусен репрезентативен состав. Хрватска практично целосно ја оправда фаворитската улога во меч во кој постојано го држеше во водство.
И двајцата големи ракометни умови, Раул Гонзалес и Лино Червар стартуваа со игра 7:6, но таа тактика повеќе им одеше во прилог на Коцкестите кои дадоа повеќе голови од гол на гол, а на полувреме водеа 16:11.
Најголемата главоболка на македонската репрезентација во првиот дел им ја нанесе Марин Шего кој бранеше феноменално и им фаќаше чисти топки на Пешевски, Манасков и Георгиевски. Имавше убаво изработени акции во напад, но хрватскиот голман беше во целосно во елемент.
Разликата од +5 се покажа како недостижна за избраниците на Раул кои се трудеа да ја стопат, но максимумот го направија во 47 минута кога стигнаа до -3, а испуштија шанса и за -2.
Во последните 10 минути од средбата нашите ракометари го загубија ритамот и на крајот Хрватска победи убедливо со 31:22.
Најдобар кај победникот беше Дувњак со 6 гола, додека Шипиќ, Мандиќ и Карачиќ дадоа по 4. Одличен беше и голманот Шего, кој забележа 12 интервенции. Кај Македонија, Манасков даде 6 гола, а Лазаров 4.