Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска во првиот сериозен испит кој беше многу тежок за положување.
Ретко минува натпревар на Македонија без цепелин, без разлика дали противникот се вика Јапонија или Шпанија. Беа трпеливи, се обидоа еднаш, па два пати, па им успеа од трета мајка. Овој пат цепелинот беше братски.
Најубавиот декор на македонската ракометна репрезентација на мечот против Јапонија беа овие две мали дечиња, кои уште не пркнати, на камен ладно време беа присутни на првата мундијалска средба.
Како што и се очекуваше, она што ја красеше играта на селекцијата на Јапонија на денешниот меч против Македонија беше брзиот проток на топка и брзата транзиција, но тешко излегуваа на крај со нашиот министер за одбрана. 20 интервенции за Борко Ристовски. Ова е најубавата во јапонски мајагери стил.
Македонската ракометна репрезентација им покажа на Јапонците дека нема што да бараат во дуел со земја каде ракометот е спорт број 1. Со исклучок на тенката и неагресивна одбрана, Македонија ја оправда фаворитската улога.