Со триумфот од 36:32, селекцијата на Македонија ја продолжи 10 годишната традиција со триумф да ги стартува првите средби на ракометните Мундијали. Ова е практично петта победа на шесте стартни натпревари на Светските првенства.
60-те минути во Минхен против брзата Јапонија беа показател за искуството и зрелоста на оваа репрезентација која се навикнавме секој јануари да ја гледаме на големите натпреварувања.
Раул Гонзалес тоа што намисли тактички, лесно го оствари на терен. Тактика во напад со 7:6 во која снажните Стоилов и Пешевски царуваа на своите позиции.
Единствената каква таква неизвесност на мечот можеше да се почувствува и види само во првите десетина минути од средбата во кои имаше три пресврти, два на Македонија и еден на Јапонија која водеше 4:3.
Тоа беше нивната единствена привилегија да стои предност за нив на семафорот. Најзагреани во нашиот табор беа капитенот Кире и Деки Манасков кои распалија на стартот за прва двојна предност од 10:5 во 17 минута.
Македонија го диктираше мечот и не ја испушташе предноста која до паузата се движеше меѓу 3 и 6 гола, а на полувреме замина со водство од 18:13.
Единствената слаба страна на избраниците на Раул на овој меч беше бавната и неорганизирана одбрана која многу лесно примаше голови, но тука беше извонредниот Борко Ристовски кој ги спушти ролетните и го заврши мечот со 20 интервенции.
Во финишот од мечот, Македонија уште повеќе се разигра и на крајот само ја зголеми победата која на крајот беше и убедлива од 38:29.
Најпрецизен на мечот беше Кире Лазаров со 8 гола, Дејан Манасков постигна 7, а Стојанче Стоилов 6.
Втората рунда е против Бахреин во недела со почеток од 14:00 часот.