Навивачи на Хајдук го величале Аушвиц и пееле: „Стани Хитлер“ и „Ајмо усташе“

Големите навивачки проблеми кои ги направија членови на Торцида ја засенија големата европска победа на Хајдук од 2-1 над повеќекратниот европски првак Ајакс. Навивачите на Хајдук се посрамотиле, пред натпреварот возеле ковчег со натпис Ајакс кој подоцна го демолирале и скандирале: „Гази гази Евреи“, „Аушвиц“ и “Устај Адолфе“. Ајакс важи за клуб близок до еврејската заедница во Амстердам.

„Гази гази гази Жидове (Евреи)“: 

Потоа на 15 минути пред крајот на мечот кога Хајдук водеше 2-1, Торцида направи огромна бакљада и поради многу дим не се гледаше ништо на терен, па судијата мораше да го прекине натпреварот.

Ден после срамните, навредливи скандирања на Торцида, се огласил градоначалникот на Сплит Томислав Шута кој ги осудил скандирањата и се извинил во името на градот“.

Претседателот пак на Градското собрание на Сплит Игор Станишиќ рекол дека „тоа се попратни појави кои не се добри за нашето друштво“.

Израелските медиуми ги осудиле навивачките срамни скандирања во Сплит а порталот Ynet истакнал дека „сериозноста на инцидентот го нагласува идентитетот на противничкиот тим во чии редови игра Оскар Глоух, репрезентативец на Израел“.

16 октомври 2026 - 11:33