Моментите кога ти е преубаво да ја гледаш Македонија на СП

Македонските цепелини се добро познат белег во играта на нашите ракометари и тие не го бираат противникот. Шпанија тоа го почувствува на Мундијалот пред две години кога загубивме со 4 гола разлика. Па нека биде така и вечерва, ама со резултат во наша полза. Да ве потсетиме како Кире ги потепа на СП 2017 во Франција.

Едно дополнително инфо. Замислете Македонија пред одигрувањето на последните две кола е во идентична ситуација како на претходното Светско. И тогаш и сега бркаме трето место преку Шпанија, односно Исланд и тоа во два дена. 

На СП 2017 загубивме од Шпанија 29:25, а Исланд киксна со Тунис. Потоа му одигравме 27:27, доволно за пласман во следна фаза. Сега во помалку од 24 часа го имаме истиот распоред, со таа разлика што Исланд денеска ќе игра со Јапонија, па ако не киксне како тогаш, ќе мора да го тепаме утре.

 

16 јануари 2019 - 12:29