МЛС 2008 vs МЛС 2018

Најквалитетната фудбалска лига во САД има сериозно добар напредок во период од само 10 години. Бројките кои ги постигнале за една деценија се фасцинантни и пример како се успева кога ќе запне човек да работи. А знаете дека фудбалот не им е спорт број 1.

Паралелата покажува на кое ниво била првата фудбалска лига во САД во 2008-ма и сега. Едноставно нема споредба и сè, ама буквално во секој сегмент одат напред.

Прво и основно МЛС е проширена од 14 на 23 екипи. Рекордната посетеност на натпревар е двојно поголема. Просечната плата по играч е зголемена три, а минималната четири пати.

Сè што се однесува во пари односно приходи им зголемено и тоа бајаги. Доказ за тоа какви фацки заиграа таму е следниот податок. Во 2008-ма имаа само четворица милионери од фудбалерите, а сега 48.

Од ѕвездите во поново време првото славно име беше Дејвид Бекам, а потоа Тјери Анри, Андреа Пирло, Стивен Џерард, Франк Лампард, Роби Кин, Давид Виља, Кака, Дидие Дрогба, Златан Ибрахимовиќ, Себастијан Џовинко, Бастијан Швајнштајгер, Вејн Руни, Ешли Кол...

А и еден тетовец е таму, Блерим Џемаили кој во 2017-та од Болоња на позајмица замина во Монтреал.

Погледнете им ја и атмосферата која ја прават навивачите на Атланта Јунајтед.

 

16 јануари 2019 - 11:08