Општо е познато дека културата игра голема улога во едно општество. Не е лесно да се измери, било субјективно или објективно, како што може да се измери талентот, но на маргините културата на една земја може да направи разлика меѓу победа и пораз. (На пример, дека Германците играат и се борат до крај е општо-познато).
Држи вода и дека културата може исто да влијае и во начинот на игра. Спортските директори на клубовите обично кога поставуваат нов тренер, викаат дека сакаат да видат како нивниот клуб игра отворен, допадлив, напаѓачки фудбал.
Сево ова може да има смисла ако се види врската меѓу напаѓачкиот (офанзивен) фудбал и либералните вредности ширум Европа: земјите во чии лиги паднале најмногу голови во просек, котираат доста високо на Индексот на Светски либерализам за 2018-та.
Дали на фудбалерите во поотворените земји им е полесно да се изразат на теренот и да прикажат понапаѓачки фудбал. Апропо тоа, можеби конзервативната атмосфера води кон позатворен и тврд фудбал.