Мајк Фелан на времето и самиот бил играч на Манчестер Јунајтед (102 меча и 2 гола), така што добро знае какво е чувството да се носи дресот на „црвените ѓаволи“ пред илјадници гледачи на „Олд Трафорд“.
Од 1999 до 2001 година, Мајк бил помошен тренер во академијата на Манчестер Јунајтед, од 2001 до 2008 бил асистент на главниот тренер а од 2008 до 2013 Фелан го поставиле за прв помошник на големиот Сер Алекс Фергусон.
Фергусон многу му се доверил на Фелан и успехот на овој тандем беше доминантен низ годините.
По заминувањето на Португалецот Карлош Кеирош во самостојна тренерска кариера, местото десна рака на Фергусон му припадна на Мајк (или Мики како што сакаат да го викаат во клубот).
За 5 години на таа висока должност, Фелан му помогнал на Фергусон да му донесе на Манчестер 3 титули во Премиер лига, две финалиња во Лига на шампиони, 3 Лига Купа и 2 Суперкупа на Англија.
За да се опише важноста на фигурата на Фелан за екипата, доволно е да се дознае како се одвивал процесот на набљудување играчи за првиот тим на Манчестер Јунајтед:
Скаут службата обично давала список на потенцијални засилувања во канцеларијата на главниот тренер, а после него лично Мајк Фелан ги гледал и разговарал со евентуалните новајлии. Дури по разговорот со него, фудбалерот го проаѓал последниот филтер.
На консултација со Мајк доаѓале сите тренери на младинските категории кои со Фелан често правеле анализа на противниците и по долги разговори со Сер Алекс, носеле решенија за тимот.
По заминувањето во пензија на Шкотланѓанецот, Мајк остана верен на Фергусон и го напушти клубот во кој дојде Дејвид Мојес и неговата свита.
Што беше понатаму со Манчестер Јунајтед добро знаете.
Се случи тоа што се случи, а следното работно место на Фелан стана Норвич Сити кој во тој момент (во сезоната 2014/2015) играше во Чемпионшип. За само една година работа како помошник тренер во Норвич, Фелан придонел клубот да се врати во Премиер лигата во сезоната 2015/2016.
А таму Норвич не се снајде баш најдобро во елитата, екипата испадна а Мајк Фелан неколку меча бил в.д. прв тренер.
Во сезоната 2015/2016 Мајк Фелан одново станал помошен тренер, овојпат во Хал Сити. И одново неговите умешности придонеле овој клуб преку плејофот да обезбеди настап во најдоброто друштво - Премиер лига.
Во 2016/2017 Фелан бил назначен за главен тренер на Хал Сити. Негова задача била да обезбеди опстанок во Премиер лигата, но Хал испадна и во зимата 2017 Фелан бил отпуштен а на негово место дошол младиот Португалец Марко Силва од Олимпијакос.
Од тогаш поминаа две години. Манчестер во тоа време мина турбулентен период.
Откако помошникот на Фергусон во Манчестер Јунајтед заминал, на клупата на тимот од „Олд Трафорд“ поминаа четири тренери (ако го сметаме и Рајан Гигс).
Од величествениот клуб не остана речиси ништо во последно време. Олд-скул носталгичните навивачи на Јунајтед со големо задоволство ја прифатиле веста дека во стручниот штаб на Оле Гунар Солскјер ќе биде и Мајк Фелан. Кога Солскјер му се јавил на Фелан да му понуди да биде асистент тренер, Мајк бил во родниот Барнли каде предавал на курс за млади тренери.
Резултатите на ваквиот развој на настаните ви е познат: 6 од 6 и гол разлика 17:3.
Дербито со Тотенхем стана јаготка на декемвриско-јануарската торта за навивачите на Манчестер. Да, Де Хеа правеше чуда и го избори триумфот на „црвените ѓаволи“, но точно е и дека Јунајтед успеваше да ја неутрализира играта на Тотенхем.
Улогата на Мајк Фелан на почетокот на тренерската кариера на Оле Гунар Солскјер е тешко да се измери. Факт е и дека самојстојната кариера како главен тренер на Фелан во англиската Премиер лига не била баш најсјајна.
Сево ова ја потврдува теоријата дека помошниците на големите тренери вршат огромна работа и се многу заслужни, но не би можеле сами да ги повторат успесите на главните тренери. Иако голем подвиг е и како помошен тренер да се избориш за пласман од Чемпионшип во Премиер.
Ако го споредувате денешниот Манчестер Јунајтед со часовен механизам, тогаш Мајк Фелан во тој механизам би бил една од најважните алки.
Фелан е човек кој бил дел од екипа која се радувала на Премиер Лига, Лига Куп, два Супер Купа и две финалиња на ЛШ. Неговата улога во стручниот штаб е голема.