Off Course

Превртена пирамида на теории на заговор

Веројатно најкоректниот пристап кон теориите на заговор го има Рон Фанчис кој во еден стенд-ап вели „ок е да не веруваш во сите теории на заговор... ама па да не веруваш во ниедна???“

Како се утврдува колку е 1 калорија?

Калорија е само мерка за енергија, а научната дефиниција е дека вредност од 1 калорија е количина на топлина потребна да се крене температурата на 1 мл. вода за 1 степен Целзиусов.

Некои чудни пекарски јадења од Кореја

Колекцијата е од јадења што не се ни најмалку балкански или западни, ама изгледаат како да се правени по таа палета на вкусови и како без проблем да би припаѓале на тукашна трпеза.

996, кинескиот систем на душманско работно време

Бројката е кратенка за системот на работно време на кој инсистираат главно кинеските технолошки компании: од 9 наутро до 9 навечер, 6 дена во неделата.

Дали солените ламби вршат работа?

За разлика од најголемиот дел вакви магични ветувања, логиката зад солените ламби има некои научни аргументи кои одат во нејзина корист (иако има и некои основни научни законитости со кои таа се коси).

Кога Кампањоло измисли „брзини“ за велосипед

Се до 1940-те натпреварувачите на Тур де Франс, и секој што има велосипед, има максимум две брзини (по една на двете страни од оската што врти) кои се менуваат така што застануваш, го вадиш тркалото, го вртиш на спротивната страна од тоа каде сега ти е закачен ланецот, го прицврстуваш тркалото и продолжуваш со возење. И тоа е сосема нормална пракса се додека Тулио Кампањоло не му го намонтира својот најнов изум на велосипедот на повеќекратниот шампион Џино Бартали.

Шерпасите што ги пробиваат и градат норвешките планинарски патеки

Сакајќи да ги разиграат своите планини, да ги живнат со планинари и да ги направат побезбедни, норвешките власти почнаа да „увезуваат“ Шерпаси од Непал, не за да мкнат планинарски торби, туку за да им ги пробијат и изградат патеките кои се истрошени и инаку не се достапни со механизација.

Кои се четирите кралеви?

Стандарден шпил карти има четири крала кои во зависност од земјата и правилата се или најсилната или втора по сила карта. Четирите кралеви не се случајни и одбележуваат еден од четирите најголеми кралеви од европската историја.

„Изумителот“ што заслужено заврши во затвор

Стив Комисар е човекот што измисли, или барем така тврдеше, сушара за алишта што работи на соларна енергија. Комисар по некое време заврши во затвор, и тоа не заради некоја завера  на светска индустрија за бела техника против него, туку затоа што вистински така заслужи.

Некои чудни коли

Ветувањето е дека сите овие коли, освен Реното, еден не така далечен ден ќе постојат и ќе можат да се видат на улица. И ако тоа се случи веројатно нема да бидат толку запаметени по нивните перформанси, колку по разбивање на монотонијата по улиците.

Здравјето е во студени тушеви

Во 19-от век студени тушеви првично се користат како терапија за проблематични затвореници и пациенти, за со тек на време да се утврди дека тие имаат и хигиенска функција. Откако гледаат колку има корист од миење луѓе, полека го откриваат меракот од топла наместо студена вода, па со тек на време никој не ни помислува да влезе под студен туш. По ново, студен туш е одличен за здравје.

Живот во најстудениот град на светот, Јакутск

Јакутск е главен град на Јакутија, република на далечниот исток на Русија со површина околу 10% помала од Индија а популација од неполни 1 милион луѓе, со што има густина на население од 0,32 луѓе на 1 километар квадратен. Ваквото разидување главно е затоа што е глобален неоспорен рекордер како најстудено населено место на светот.

Приказната за бродот што ја запре глобалната трговија

Официјалната верзија за насукувањето на Евергивен во Суецкиот канал беше дека тоа се случило заради силни ветришта. И тоа е точно. Но точно е и дека во половина денови од годината во Суез има силни ветришта.

Зошто колекција на песни се вика „албум“?

Иако е антички термин, денешното значење на зборот „албум“ потекнува од почетокот на 1900-те и од сличноста со албум за фотографии.

Зејтин и зошто да

Зејтинот, без навлегување каков и што, врши две клучни работи во пржењето, едно ја зголемува површината на која се пренесува топлината од тавчето, второ помага храната да не се залепи.

Луѓе со фетиш за чистење туѓи куќи

Да не знаеш што е потешко да разбереш дали случаите на луѓе што живеат во куќи од кои прекипува ѓубре и отпад, или луѓе што се желни да ги исчистат истите овие куќи.

Лажњакот на Епл што глумеше Ајпод

Прво една алармантна вест - Ајпод на Епл е 20 години стар.

Зошто Илон Маск отвори сопствено училиште за своите деца?

Илон за сега има 6 деца, еден пар близнаци (2004), една тројка (2006), и едно „само“ што му се роди пред нешто повеќе од една година. Освен последното, другите иако почнуваат во регуларни приватни училишта, по некое време се отпишани и префрлени во приватното училиште основано од Маск, по име „Ад Астра“.

Како се регрутираат тинејџери за перење пари?

Тинејџери на Инстаграм и Снапчат без проблем оставаат свои лични и банкарски податоци во пораки на непознати луѓе во замена за процент од парите што ќе минат преку нивни банкарски сметки.

Зошто да гледаш нови серии кога можеш пак да ја гледаш Офис?

Со посебно задоволство, мерак и задоцнување сакаме да ве потсетиме дека на Нетфликс пак го има „Офис“, комплет од прва до последна епизода, од американските, со што е отворена зимската сезона на повторување на серијата.

Скара против гости или мини-мини скара

Скара не е една од работите за кои треба да постои размислување, а не па цела трка, како да се направи што е можно помала. Секогаш скара треба да биде што е можно поголема, затоа што скара е друштвен спорт, а колку повеќе луѓе толку подобро (освен за скараџијата). Ама сепак на интернет постои цело движење заинтересирано за мини и мини-мини скари.

Неодоливата лага на правење евтина куќа од бродски контејнер

Има еден крајно привлечен муабет кој отприлика гласи „ќе купам плац, ќе ставам два-три бродски контејнери на него, и таму ќе си живеам“. И ништо од тоа не е неизводливо, само е далеку од тоа што го мислите и пресметувате.

Дали оган се пали од горе или од доле?

И за двата метода ти требаат неколку прачки или деланки за распалување на огнот, разликата е само каде ќе ги ставиш, дали врз или под купот дрва за горење.

Знаете да броите кирилично?

Како што има арапски или римски броеви, исто така има и кирилични броеви, кои во основа се буквите од старословенската кирилица систематизирани во броен систем.