Готвење на ангро

Од луксузни крстосувачки прекуокеански бродови до најсиромашните од сиромашните меѓу Индијците, готвење за маси народ бара од сè по многу: намирници, зачини, луѓе, опрема...

Поводот за вакви масовки е различен ама главно потекнува од две инспирации: пари, религија. Тоа што најмалку се гледа во целата операција е логистиката за набавка на основните состојки и за чистење и подготовка на опремата.

Најголемата „народна кујна“ во светот е во Индија и е отворена (24 часа) за секого по основа на нула дискриминација за која било верска или етничка група. Во пракса ова значи подготвување на 100.000 оброци на ден, за време на верски празници бројот се зголемува за два пати.

 

Восхитувачки е и индискиот продавач на улична храна кој за една смеса користи 200 јајца (за 60 до 70 луѓе), а на ден знаат да се направат по 10 смеси. П.С. зборот „тава“ да ти доаѓал од Индија. П.П.С. во професионалната готварска опрема за прехранување на волку луѓе изгледа влегуваат и листови за бонсек.


 

Најлуксузното, најскапо и најмакотрпно меѓу овие масовни готвења доаѓа од кујната на крстосувачки брод кој пренесува по 6.600 луѓе. Секој од овие луѓе треба да биде покриен со три оброци на ден, плус ситни закуски, ужинки, десерти и што и да е што им пишале во флаерот за понудата. Како што ќе објасни готвачот: 24 часа храна, секој ден и без крај. Зад ова стои кулинарски тим од над 1.000 луѓе и неделен буџет за набавка само на храна од 1 милион долари.

 

Бонус, улична храна низ светот:

29 март 2022 - 16:16