Колку е лошо ИКЕА пакетчето со алат?

Одговорот зависи чисто од тоа што очекуваш од него.

Пакетчето со 4 парчиња алат, плус некои додатоци во српска ИКЕА се продава за 999 динари (или 520 денари).

Ако очекувањето ти е дека ќе реновираш стан со пакетче од 520 денари, тогаш разочарувањето ќе ти биде сразмерно на очекувањето. Ако очекувањето ти е дека ќе имаш алат за не дај боже за најосновни потреби, има да бидеш презадоволен од тоа што си го купил.

Иако по квалитет алатот што оди во ФИКСА е под просекот, тоа во што брилира пакетчето е разноликоста и покривањето на најголем опсег на потреби по дома што би можел човек да ги има со само 4 парчиња алат (и за 520 денари).

Алатот има вкупно 17 парчиња, четирите алати (чекан, клешти, клуч, шрафцигер) плус гумена капа за чеканот и 12 битови за шрафцигерот, а главната намена му е да ти помогне во составување на ИКЕА производите што ги трупаш по дома, плус да ти се најде за нешто ситно.

Во овие рамки алатот врши одлична работа, сè што е понапредно од ова ќе ги покаже слабостите на избраните модели и материјали. Па така шипката на чеканот е празна и не е за некои посилни удари, клучот е премногу лабав, клештите се мали и не можат доволно да стегнат, а битовите се направени од меко железо и се распаѓаат при напредно користење.


Бонус: Демонтирање на ИКЕА штрафилица

1 април 2022 - 15:15