Сериозна несекојдневна машинерија

Каква машина и да ти текнала на тебе можеш да сметаш дека на некого низ светот одамна му има затребано, веќе му е направена и ја користи. А на луѓе сешто им затребува.

Пробивач на пат

Машина кртица опремена со ротирачки топки накитени со повеќе шпицови што упорно дробат сè што ќе најдат пред себе.

Главно се користи под земја за пробивање тунели и во основа ја прави истата работа што би ја направил и динамит, само без целото уништување, хаос и растресување на тунелот, ѕидовите и земјиштето.

 

Мулчер за шума

Машина способна да претвори шума во ливада.

 

И нејзина мини-верзија за грмушки и слично.

 

Зидар

Ти го храниш со цигли, тој ти гради куќа / ѕид.

 

Автоматски дрвосечач

Машина што изгледа како да е измислена од мрзлив дрвосечач.

 

Цевкоместач

Иако ја има и како посебна машина, најчесто станува збор за преадаптиран трактор на кој му се додава огромното рало и котур со пластична цевка. Задачата му е да направи дупка, веднаш да постави цевка / црево и да ја затрупа дупката.

 

Чистач на канали за наводнување

Го немаме прочитано упатството ама веројатно не работат на канали полни со машини за перење, стари гуми и шут.

 

Малку поинаков чистач на канали

 

Патен патент

Машина за преместување на пластични бариера за поделба на лентите на автопат според потребите и гужвата во одреден период од денот.

 

Додатоци за машинерија

Кршач на армирани столбови

 

Копач на шахти

 

Крајпатен чистач

Неколку аксесорис за трактор, што служат за отворање на запоставените парчиња земјиште веднаш до патиштата.

 

Корнач на трупци

Ако не си требал да вадиш поголем трупец, не можеш да разбереш колку е корисна машинава.

 

Дрводробач

Зошто да сечеш дрво кога можеш да го здробиш на лице место.

5 мај 2022 - 16:37