Off Course

Како била изградена Венеција

Она што е пофасцинантно од тоа како денес изгледа и е зачувана Венеција, е тоа што таа е изградена пред повеќе од 1.000 години на некои си над 100 помали острови, со набивање колци во земја кои и ден денес го држат градот на површина.

Спреј пиштол за фарбање

Изгледот и функцијата му се како нешто што би се продавало преку теле-маркетинг, пиштол за молерисување што го носиш на рамо и фарба како на реклама, ама во пракса не ни најмалку за потценување и сериозно врши работа.

Господа, да зборуваме за тавчиња

Истите работи можеш да ги зготвиш и само со едно тавче и со неколку различни видови тавчиња, само што тоа што може да го зготвиш кога имаш неколку различни тавчиња никогаш не можеш да го завршиш само со едно тавче. Е, отприлика така комплицирано стојат работите со тавчињата.

Филм за во кафана

Наводно, имало некој нов филм што било чист криминал да го гледаш во кино. Наводно, филмот заслужувал да биде пуштан во кафана. И тоа не во обична кафана туку во кафанчуга. Во кафанчуга со жива музика што ќе ти ја свири целата музика од филмот, со чад од цигари, со келнери постари од калдрмата пред кафаната, со гости поистрајни од келнерите, со дупнати чаршафи и со кршење чаши. Е, само таква почит би била правда за овој филм.

Мјуинг и зошто побогу?

Првично смислено како начин за подобрување на држењето на вилицата од здравствени причини, мјуинг, крстено по неговиот автор др. Џон Мју, е серија на вежби за кои луѓе на Јутјуб и Тикток тврдат дека може да ја смени формата на вашето лице, да имате поистакната вилица.

„Руските згради“ на Кабул

Како дел од помошта што им ја пуштаат на авганистанските власти Русите уште во 1960-те почнуваат во Кабул да градат згради наменети за тогашните про-советски елити, од административци и академици до полиција и други безбедносни структури. По сите години војна, зградите се уште постојат и држат една од највисоките цени на метар квадратен во земјата.

Што е „мастика“ и зошто има две значења?

Вон сите навики, во македонскиот јазик има нешто што се вика мастика и опфаќа две секојдневни појави без некакво јасно потекло на терминот. Тоа што кај нас е „мастика“, на српски е „жвака“, на бугарски е „двка“, на турски (и велешки) е „сакиз“.

Речиси па 9 основни и бесплатни алатки од Гугл за луѓе што прават сајтови

Најсилната страна на овие алатки е што стварно добро работат, го прават тоа што го ветуваат и стварно се бесплатни. Најслабата страна им е што тоа бесплатното го добиваме само затоа што се корнат од жнеење податоци од корисниците.

Која е Групата Вагнер?

Србите ги нарекуваат „Руските витези“, имаат „работено“ од Украина до Сирија, од Либија до Венецуeла , властите на Мали ги ангажира затоа што претходно секаде каде што стапнале завршиле работа, а според западните медиуми станува збор за руски платеници со директен пристап до самиот врв на руската власт.

Зошто Фејсбук не ни мора да те слуша за да знае што сакаш

Само што се вратив од викенд кај мајка ми и сега добивам реклами за нејзиниот бренд на паста за заби, брендот што го користев една недела. Никогаш не зборувавме за овој бренд, ниту гуглавме, ниту нешто слично.

Да ја избереме Тојота за градоначалник?

Еден од најголемите производители на возила во светот реши во подножјето на планината Фуџи да направи цел нов град на иднината, преполн со секакви футуристички технологии за да има каде да тестира други футуристички технологии.

Снимањето на едно виски

Предлогот на дечкото е следниот: да ви покажам како ќе снимам реклама за виски што никој не ја побара, за да може и вие да снимите слично / исто, и после да ја продадам и да фатам нов клиент. Не е апла без опрема, ама па и не е филмско студио.

Богот на распалување скара

Дали е унапредување во однос на индустриски фен? Не. Дали е унапредување во однос на мафтање со лопатче за ѓубре, картон или што и да се најде? Веројатно.

Истанбулските пожарникари и богатството на една од првите турски мисици

Махмуре Бирсен Сакаоглу во 1936 на 17-годишна возраст ја освојува титулата Мисс на Турција. Во 2003, по нејзината смрт започнува судска борба за нејзиното наследство од 2,9 милиони долари меѓу братот на поранешната мисица и припадниците на противпожарна станица од централната истанбулска населба Фатих.

Федор запиша постдипломски на земјоделски

Истиот оној Федор (Владимирович Емелианенко) што со години ги претвораше своите противници во билки, реши да се запише на Факултетот за агрономија, агрохемија и екологија на Универзитетот во Воронеж, во смерот градинарство.

Мик Џегер има 4-годишен син

Очигледно не е најново, ама за нас е. И не му е прво дете на Џегер, ама како што изгледа не може да се каже ни дека ќе му е последно. За подобра перспектива, Џегер има 78 години.

3 (електрични) алати што треба да ви ја завршат секоја работа по дома, а и во работилница

Ништо од ова не е задолжително, ништо не се мора и не е важен брендот, туку чисто треба да ви послужи како водилка за тоа од каде да почнете со составување на вашата колекција на алат за да го покриете најосновното ниво. Листата е за општ почеток, не за конкретно насочен занает или проект.

Ова е најдолго што сте го чуле човеков да зборува

Дани Д. го знаете кој е, што е, а богами и како е. Главно снима филмови, ама и покрај тоа што не се неми филмови, нема баш нешто многу зборувано во однос на минутажата што ја има. Сега седнува пред камера и се отвора за тоа како изгледа еден ден кај него на работа.

Жени, имате едно масовно ДА во секое време

Уште од старт да кажеме дека сме подговени да збориме и за парите, не мора да е ова крајна понуда.