Незапирливите автомобилски занаетчии на Пакистан

Сцените од европската, американската и јапонската авто-индустрија се речиси идентични, бескрајни безлични хали правени како со копи/пејст, со медицинска чистота и роботска продуктивност. Наспроти нив, во секоја смисла, стои пакистанската занаетчиската авто-индустрија.

Без разлика како ќе ви изгледа, треба да биде многу јасно дека сето ова се базира на многу, многу вештина, напор и работа и тоа ни најмалку лесна, па ни безбедна.

Како што хигиената (и аптекарската подреденост) е карактеристична за западните работилници, кај пакистанските таа е карактеристична во смисла што никаде ја нема. Како што ја нема ни стандардната оптимизирана производна лента која не дозволува да се изгуби ни момент од работното време.

А најмалку од се има каква било присутност, па макар и како концепт, на безбедност и заштита при работа.

Сепак станува збор за бројни мини погони кои се основа за една масовна индустрија за производство, репарирање и рециклирање делови за автомобилски, камионџиски и секаков друг вид на транспорт, и ниту тие, ниту муштериите не се жалат, што само значи дека тоа што таму се случува – функционира.


Карбон-фибер плочки за кочници


Бандажи за камиони


Ауспух за камион


Репарирање мотор


Поправка на камионски гуми



А прават и клима уреди

5 јануари 2022 - 14:42