Мишел Банцевиц Цикале комерцијално лови туна, плус организира тури на брегот на Њу Хемпшир.
Туната успева да ја улови некаде кон средината на октомври 2021, а како што кажува самата Цикале некаде околу 1 час се борела со ѕверот.
За подобра перспектива, риболовците објаснуваат дека ако споредиш туна од 90 килограми и ајкула од 90 килограми, туната едно 10 пати посилно се бори од ајкулата.
Во октомври минатата година Њујорк пост пишуваше дека во источниот брег на САД (горниот дел) се случува редок наплив на џиновска туна што прилично ги размрдало тамошните риболовци кои се почесто пријавуваат уловени примероци од над 250 кг.
Атлантската синоперка туна е најголемата од сите видови туна и може да порасне до 900 килограми.