Зошто етичко? Затоа што не е на оние бродови-фабрики и нема стотици метри мрежи во кои ќе заглават ајкули, желки, делфини и што и да е друго што ќе им се најде по пат.
Има некоја риба што се вика голијат групер (голијат затоа што знае да порасне над 350 кила) која се води како најтешка риба за вадење од вода на трска (така барем тврдат луѓево). Од друга страна се оние едни што се палат на најтешки работи.
Како што луѓе почнаа од етички, здравствени и какви се не причини да се префрлаат од нормално месо на рибешко, така се започна и со разорувањето на живиот свет во морињата низ светот. И единствен начин назад е човек да се откаже од јадење риба.