Непријатни вистини за твоето работно место

Веројатно твоето работно место не е ништо посебно важно и веројатно на твојата фирма ни најмалку не и е гајле за твојата лојалност. (П.С. „веројатно“ е ставено само за ти подобро да се чувствуваш, инаку нема „веројатно“.)

Како тоа моето работно место не е битно?

Тука равенката за решавање е следна:

Што работиш на работа? Не што ти пишува на визит-карта, туку кои работи ги работиш кога си на работа. Односно: што креираш, што подобруваш, што придонесуваш?

„За дел од вас ова е лесно прашање, за другите што работите како ’менаџерче’ што надгледува тим за човечки ресурси во осигурителна фирма за проценка на штета, ова е малку потешко прашање.“

Статистиката е дека на средината на минатиот век, нешто помалку од 25% работните места отпаѓаат на услужните позиции, додека денес тие се на 80%. Категоријата не опфаќа само услуга во смисла келнер, шанкер или продавач, туку сè од вработени во телефонски центар, до ЦЕО-а, односно сите што директно не работат на креирање нешто, туку им услужуваат на тие што го работат тоа.

Подетално:


 

Околу твоето унапредување и зошто не те унапредија тебе во директор, туку земаа некој од надвор? Затоа што така ем носат нов талент во фирма, ем нема пореметување на целата хиерархија да треба сите за едно место да ги креваат нагоре, ем веројатно требаше одамна (за твое добро) да смениш фирма, наместо да дремеш таму.

17 февруари 2022 - 17:41