Како да лажеш како технолошка компанија

Пример, тие што следат дигитални фотоапарати, треба да знаат дека не постои „сензор од 1 инч“ ако така го пишуваат, или дека Тесла без разлика колку е брза, вистински не развива од 0 до 60 милји на час за 1,99 секунди.

Во случајот со Тесла се работи за методологијата со која се одредува брзината, при што излегува разлика за која се „лаже“ меѓу 0,2 или 0,3 секунди. Тесла има креативни статистики и за некои други категории.

Кај дигиталните фотоапарати сензорот по ниту една оска нема 1 инч, ниту ширина, ниту должина, ниту по дијагонала, ама терминот го влече од времето на камерите со ламби.

Или пример кој го има кај речиси сите технолошки компании е промоцијата на „вејпорвер“, односно хардвер или софтвер кој вообичаено е револуционерен, но никогаш не е испорачан или достапен за купување.

 

18 јануари 2022 - 17:38