Човекот што му ја продаде својата компанија на Амазон за 970 милиони долари

Џастин Кан уште во интернет праисторијата, во 2007, прави нешто невидено до тогаш, закачи камера на себе и почна да врши стриминг пренос од својот живот 24/7. Проектот го нарекува ЏастинТВ.

За да биде појасно, во 2007 не постои речиси ниту еден од денешните он-лајн гиганти, ниту пак тие што постоеа стримуваа какво било видео.

ЏастинТВ како канал дедициран на Кан постои околу 8 месеци, по што Џастин и неговите тројца партнери го пренаменуваат сајтот во платформа на која секој може да стримува видео.

На платформата се стримуваат секакви содржини кои полека почнуваат да се делат во конкретни категории: технологија, спорт, вести, гејминг и други. Малку неочекувано за тоа време, најпопуларна категорија на стримување станува - гејмингот.

Имајќи ги овие бројки предвид, ЏастинТВ решава на 6 јуни 2011 да стартува сосема нов проект фокусиран на гејминг, под името - ТвичТВ.

Три години подоцна, во 2014, Твич е купен од Амазон за 970 милиони долари.

 

25 јануари 2022 - 16:02