Некои чудни коли

Ветувањето е дека сите овие коли, освен Реното, еден не така далечен ден ќе постојат и ќе можат да се видат на улица. И ако тоа се случи веројатно нема да бидат толку запаметени по нивните перформанси, колку по разбивање на монотонијата по улиците.

Morgan CX-T

Вие плаќате 237.000 долари, а за возврат Морган ви овозможува да излгедате како германски војник од Втората светска војна распореден во Африка.



Аlpha motor company Еlectric Јax

На прв поглед изгледот и изборот на бои е како од авто-саем во Источна Германија од 1972, а замислата му е да биде едноставно оф-роуд возило. За сега нема ни еден физички примерок од возилото, се знае дека ќе биде електричен, и е достапен за резервација на сајтот на Алфа мотор, по цена меѓу 38 и 48 илјади долари.



Canoo Pickup

Иако пикап му е оригиналната намена, има додатоци кои го затвораат коритото и го претвораат во камп приколка. Така затворен многу потсетува на Волксваген комбињата од 1960-те. Цената му е меѓу 35 и 50 илјади долари, кога ќе излезе во пролетта 2023.



Рено 4 апдејтирано

Ова не оди во сериско производство, но најверојатно ќе има физички примерок кој би требало да се појави во главниот салон на Рено во Париз. Целосно базиран на Рено 4, моделот е дело на францускиот дизајнер Матју Луанер, кој објаснува дека целиот концепт го замислил како електрично возило. Возилото е направено во чест на 60-годишнината од излегувањето на Рено 4.

9 ноември 2021 - 16:11