Највредниот сериски безработник на светот

Сведоштвото е на извесен Рогз на Редит, кој сериски оди на интервјуа за работа и се подготвува со пишување писма и резимеа, само за на крај да си излезе и да ја одбие работата што евентуално ја добил. Главната цел од старт му е само да се прошета и да не се вработи.

Имам ново хоби.

Аплицирам за работа и одам на интервјуата без никаква намера да ја прифатам работата.

Изминативе 4 месеци аплицирав за работни позиции и ги измислував квалификациите што ги бараа, и на хартија јас сум совршениот кандидат, а реално не постојам.

Зошто го правам ова? Па, сакам да се дотерам и тоа ми дава вистинско чувство дека нешто се случува. Од тоа вадам фина целодневна прошетка и одам на нови места. Одам на бербер за да се средам, одам на појадок и на кафе, и одлично се чувствувам и одлично изгледам.

На интервју влегувам перфектно смирен затоа што не сум загрижен за работното место и сценариото на глава им го вртам. Какви бенефити нуди компанијата? Зошто треба да работам таму? Како се тие компетитивни во однос на други бизниси во околината?

Реакциите што ги добивам се движат од конфузија до луѓе што ме убедуваат дека треба да работам таму.

Потоа главниот удар. Кога е во прашање платата секогаш велам дека тоа што го нудат не е конкурентно на денешниот пазар и потоа изгледам нестрплив да им се заблагодарам и што побрзо да излезам од врата.

Неколку пати добивав мејлови во кои ме викаа на уште едно интервју и дека сега одеднаш може да се преговара за платата.

Прилично сум сигурен дека нешто не е во ред со мене. Исто така сигурен сум дека човекот што влегува после мене добива многу подобро искуство.

И не сум загрижен за реперкусии, не ми треба работа, во моментов сум возрасен студент и планирам да емигрирам кога ќе добијам диплома.

Рогз

17 јануари 2022 - 14:03