Џордан Питерсон: 42 правила за живот

1. Кажувај ја вистината... или, барем, немој да лажеш.

Вистината ја сведува ужасната комплексност на мажот на едноставноста на неговиот збор. Вистината е врховниот, непотрошлив природен ресурс. Таа е светлина во мракот.

 

2. Немој да правиш работи што ги мразиш.

Внимавај на себе. Ако гледаш дека правиш работи што прават да се мразиш себе си, земи го предвид трошокот на продолжување на истото.

 

3. Делувај така да можеш да ја кажеш вистината за своите дела.

Престани да правиш работи за кои знаеш дека се погрешни, кои можеш да престанеш да ги правиш. Ова може да биде и мала работа. Ок е тоа. Престани да ги правиш и види што ќе се случи. Така се засилуваш себе си.

 

4. Тежнеј само кон она што е значајно, не што е лагодно.

Нема ниту вера, ниту храброст, ниту жртва во правење на она што е лагодно. Имањето нешто од значење во животот е подобро отколку да го имаш она што го сакаш бидејќи можеби ниту знаеш што сакаш, ниту што вистински ти е потребно.

 

5. Ако мораш да избереш, биди некој што ги прави работите, наместо некој што изгледа како да ги прави работите.

Ако секој ден ги исполнуваш своите обврски, не мора да се грижиш за иднината.

 

6. Обрнувај внимание.

Што би правел ако твојот живот не е во ред. Обрни внимание. Обрнувањето внимание е како да бараш нешто што не го знаеш. Тоа е неверојатно моќна сила.

 

7. Претпостави дека човекот што го слушаш можеби знае нешто што ти треба да го знаеш.

Сакаш да влезеш во тој разговор за да излезеш попаметен отколку кога си влегол.

 

8. Слушај ги доволно внимателно за да почнат да споделуваат со тебе.

Сочуствителните одговори за време на автентичен разговор индицираат на тоа дека раскажувачот е вреднуван и дека сторијата што ја раскажуваат е важна, сериозна, заслужува да биде размислена и разбирлива.

 

9. Планирај и работи внимателно на одржување на романтиката во твојата врска.

Дозволи си себе си да станеш свесен за она што го сакаш и ти треба, и имај доволно пристојност да му ја споделиш оваа тајна на твојот партнер. Не очекувај убавината на љубовта сама да се одржува без никаков труд од твоја страна.

 

10. Внимавај со кого споделуваш добри вести.

Добрите вести сакаш да ги делиш со луѓе што се автентично среќни за тебе. Тоа е единствен начин на кој можеш да ги идентификуваш луѓето што се на твоја страна.

 

11. Внимавај со кого споделуваш лоши вести.

На добар пријател можеш да му кажеш лоши вести, и тој ќе те сослуша. Тој нема да го измести целиот разговор со тоа како нему некогаш му се случило нешто далеку полошо.

 

12. Подобри барем една работа на секое едно место каде одиш.

Јас сум на страна на човекот што сака да направи нешто позитивно со својот живот. Почни со максимизирање на квалитетот на својот живот. Откриј како да го направи тоа на начин кој ќе биде од корист за твоите роднини и заедница.

 

13. Замисли кој би можел да бидеш, и потоа со цел ум фокусирај се на тоа.

Насочи се кон нешто мудро, благородно и великодушно. Избери ја најдобрата мета што можеш да ја концептуализираш. Тркалај се кон неа. Забележи ги сопствените грешки и погрешни претстави по пат, и корегирај ги. Конфронтирај се со тоа што ти стои на патот.

 

14. Не си дозволувај сам на себе да станеш арогантен и огорчен.

Ако си огорчен, веројатно не се залагаш доволно за себе, или некој навистина ти нагазил на твоја територија. Треба да сториш нешто околу тоа. Или да живееш со последиците.

 

15. Обиди се една соба во твојот дом да ја направиш што е можно поубава.

Светот се претставува себе си како серија на загатки. Некои од нив можеш да ги решиш, а некои не можеш.

Ако сакаш да го промениш светот, почни со себе си и делувај кон надвор.

 

16. Спореди се себе си со кој беше вчера, не со тоа некој друг кој е денес.

Луѓето со кои се споредуваш себе си не ги знаеш доволно добро. Ја гледаш само нивната исполирана фасада но не и реалноста на нивните животи. Биди помалку загрижен од постапките на други луѓе. Имаш и самиот доволно што да направиш.

 

17. Работи колку можеш понапорно на барем една работа и види што ќе се случи.

Ти ќе се промениш. Ќе почнеш да стануваш една работа, наместо хаотичната разноличност што некогаш беше. Далеку е подобро да станеш нешто отколку да останеш што било освен тоа и да станеш ништо.

 

18. Ако старите сеќавања се уште те расплакуваат, запиши ги внимателно и целосно.

Ако си опседнат со сеќавања од минатото (најголемиот дел од нив негативни) тогаш голем дел од тебе е заглавен во минатото. Многу луѓе имаат делови од себе заглавени во некои трауматско детско искуство.

 

19. Одржувај ги твоите врски со луѓето.

Нема докази дека важноста на пријателството се намалува во кое било доба.

 

20. Немој лекомислено да ги оцрнуваш општествените институции или уметнички достигнувања.

„Не ни треба брак. Не ни треба парче хартија.“ Таа ли е длабочината до која си размислил? Нема ли да го обележиш настанот со свесно сознание или социјална прослава?

 

21. Однесувај се кон себе како да си некој за кој си одговорен да му помогнеш.

Ти имаш да одиграш витална улога во одмотувањето на судбината на светот. Треба да се грижиш за, помогнеш, и да бидеш добар кон себе си на ист начин на кој се грижиш за, помагаш или си добар со некој што го сакаш.

 

22. Побарај од некого да ти заврши мала услуга, за тој или таа да може истото да го побара од тебе во иднина.

Не треба педантно да водиш сметка за тоа кој што, кога и зошто ти должи. Тоа е знак на врска во распаѓање. Прави за нив што можеш, и тие ќе прават за тебе што можат.

 

23. Спријателувај се луѓе кои ти посакуваат најдобро.

Имаш етичка обврска да се опкружиш себе си со луѓе кои имаат храброст и верба, и мудрост да ти посакаат добро кога си направил нешто добро. И да те спречат кога ќе направиш нешто деструктивно.

 

24. Не се обидувај да спасиш некого што не сака да биде спасен.

Тоа е многу опасна активност, и лесно може да биде контрапродуктивна. Веројатноста дека тие ќе те повлечат надолу со себе, споредено со тебе кој ги крева нагоре, е многу, многу голема.

 

25. И биди многу внимателен околу спасување на некој што сака да биде спасен.

 

26. Ништо добро направено не е незначително.

 

27. Доведи ја сопствената куќа во совршен ред пред да го критикуваш светот.

Светот е опасен. Дали треба да го критикуваш? Не се додека не се ставиш себе во ред. Мораш да сториш се што можеш за решавање на своите проблеми пред да имаш какво било право за осудување на самото битие.

 

28. Облекувај се како човекот што сакаш да бидеш.

 

29. Биди прецизен во својот говор.

Да кажеме дека имаш проблематичен период во врската и не знаеш зашто. Проблемот не може да се каже по име. Дали е реален? Па, да, тој се манифестира себе како психолошки дискомфорт.

Потоа зборуваш за него, ќе го ословиш, и тој ќе се претвори од една заматена работа во мал монструм. Токму оваа прецизност ти овозможува да го специфираш.

Сега можеш да преземеш нешто во врска со него, ако може да го признаеш.

 

30. Стои исправено и со прави раменици.

Да стоиш исправено со рамениците наназад е да ја прифатиш ужасната одговорност на животот со широко отворени очи. Ова значи самоволно да одлучиш да го трансформираш хаосот од потенцијално во реалност на поредок пристоен за живеење.

 

31. Немој да избегнуваш нешто застрашувачко ако ти стои на патот - и не прави непотребни опасни работи.

Постепеното изложување на она од кое се плашиш е исцелувачко. Конфронтирај го светот директно и изложи се себе си храбро на работите од кои се плашиш. Животот ќе ти се подобри.

 

32. Не ги оставај децата да правам ништо што ќе направи да не ги сакаш.

 

33. Немој да ја претвориш твојата сопруга во слугинка.

 

34. Немој непосакуваните работи да ги криеш во маглата.

Ќе има периоди во твојот живот кога ќе треба да искористиш се што имаш за да се соочиш со тоа што е пред тебе, наместо да се криеш од вистината толку ужасна што единствената работа полоша од нејзе е лагата со која сакаш да ја замениш.

 

35. Забележи дека можностите демнат онаму каде одговорноста се повлекла.

Ти треба позитивно да бидеш окупиран од нешто важно, длабоко, мудро и тешко.

Каков ќе биде твојот живот ако го искористиш целиот тој потенцијал што ти бил понуден?

 

36. Читај нешто напишано од некој величествен.

Карл Јунг тврдеше дека дел од развивањето на личноста е да ја разбереш сопствената сенка, деловите од тебе кои не сакаш да си ги признаеш. За својата сенка можеш да научиш од читање историја.

Книгата не е хартија; таа е портал.

 

37. Кога на улица ќе сретнеш мачка погали ја.

Кога работите не ги бива и се тешки, ги добиваш овие мали моменти во кои најмалата можност успева да прозре.

Мора да ги искористиш тие моменти кога ќе ги добиеш.

 

38. Не им сметај на деца кога возат скирол.

Скокаат во воздух, го фаќаат својот скирол, балансираат на шината и се лизгаат 6 метри.

Децата вежбаат храброст. Вежбаат совладување на нешто соочени со опасност.

 

39. Не им дозволувај на насилници да се извлечат.

Обично имам три правила:

Ако имаме интеракција и ти направиш нешто што го сметам за проблематично, ќе го забележам.

Ако го направиш пак, ќе помислам „веројатно не е само до ситуацијата“, и ќе го оставам затоа што и понатаму немам доволно докази.

Ако го направиш трет пат, тогаш ќе кажам „Хеј, те приметив. Не само што се случи, туку се случи тука, и се случи тука. Значи има нешто што се случува. И не го игнорирам тоа.“

 

40. Напиши писмо до твојата влада ако видиш нешто што треба да биде средено и предложи решение.

 

41. Запамети дека тоа што се уште не го знаеш е поважно од тоа што веќе го знаеш.

Многу е подобро да се спријателиш со тоа што не го знаеш отколку со тоа што го знаеш, бидејќи има неограничена залиха на првото но само ограничен број од второто.

 

42. Биди благодарен и покрај твоето страдање.

Има некоја вистинска употребливост во заблагодарувањето, кое е процес на свесно и храбро пробување на благодарност соочен со катастрофите во животот.

@jordanbpeterson

5 април 2022 - 16:48