Минатата година просечната цена на квадратна стапка во Хонгконг (9,3 х 9,3 сантиметри) беше 1.990 долари. Во 1 метар квадратен има 10,7 квадратни стапки.
И тоа скапо не е ни приближно доволно за да се намали побарувачката на станови во градот, па минатиот јуни во рок од неколку часови беа продадени 45 станови во една зграда, со вкупна вредност од 32 милиони долари.
Проблемот што го има Хонгконг е следен: по копно (1.110 километри квадратни) има два пати поголема територија од Скопје (550 километри квадратни), на која живее повеќе народ отколку што живее во цела Србија (7,5 наспроти 6,9 милиони луѓе).
Едната страна на решението на овој дисбаланс се милионските суми за станови и недвижности, другата страна се кафезите со површина од 7 до 13 метри квадратни (нешто повеќе од паркинг место) во кои живее сиромаштијата.