Што е право на поправка?

Да почнеме со глупо прашање: Кога ќе купиш нешто дали тоа нешто стварно е твое? Зависи, ама главно да. А кога ќе купиш нешто, дали имаш право да го поправиш кога ќе се расипе? Зависи, ама се повеќе главно не.

Правно не постои закон кој те спречува да поправиш што и да е расипано што си го купил, ама затоа постојат чисто технолошки пречки, заради кои речиси е невозможно тоа стварно да го направиш.

Проблемот главно се однесува на техничка стока, меѓутоа под иста капа потпаѓаат на пример и сите Тесла возила или понови модели на трактори.

Станува збор за директен судир меѓу интересите на корисникот и профитот на корпорацијата, кој во моментот е решен во корист на корпорациите.

Како тоа? Пример, пробај сам смени батерија на мобилниот, па нека ти текне после тоа како уште во мобилната праисторија во 2000-те можеше да го направиш тоа за помалку од 20 секунди.

И ова е само почеток на проблемот.


 

19 април 2022 - 16:17